ЈАНКОВИЌ ПРЕД СУДОТ НЕГИРАЛ ДЕКА ЈА УБИЛ ДАНКА ИЛИЌ: Тврди дека полицијата го тепала и му се заканувала дека ќе го убие него и неговото семејство
Јанковиќ изјави дека признал под притисок, без да ја прочита изјавата што му била дадена за потпис, и дека полицајците му ја диктирале содржината.

Второобвинетиот за убиството на двегодишната Данка Илиќ, Срѓан Јанковиќ, пред судот целосно ја негираше вината и изнесе обвинувања за полициска тортура и изнудено признание.
Тој тврдеше дека на 3 април бил физички малтретиран во полициската станица во Бор, каде што, според неговите зборови, бил тепан, давен и му се заканувале дека ќе го убијат него, неговиот син и внуката доколку не признае дека го удрил и убил девојчето.
Јанковиќ изјави дека признал под притисок, без да ја прочита изјавата што му била дадена за потпис, и дека полицајците му ја диктирале содржината.
Тој категорично негираше дека ја видел Данка или дека со службеното возило удрил дете. Потврди дека бил во близина на куќата каде што девојчето исчезнало, но тврдеше дека не се случило ништо сомнително.
Обвинетиот посочи дека подоцна, по совет на адвокатот, се бранел со молчење, а во јуни ја негирал вината.
Наводите за полициска тортура и изнудено признание се тврдења на обвинетиот и засега не се судски утврдени факти. Постапката продолжува.

