МЕРЦ ГИ СОБРА СОЈУЗНИЦИТЕ ВО БЕРЛИН Мицкоски и Муцунски меѓу учесниците

Мицкоски порача дека Македонија останува посветена на праведен и траен мир во Украина.

МЕРЦ ГИ СОБРА СОЈУЗНИЦИТЕ ВО БЕРЛИН Мицкоски и Муцунски меѓу учесниците
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествуваа на состанокот на Коалицијата на подготвените, кој се одржа во Берлин, на покана и во организација на германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Во фокусот на средбата беа актуелната состојба во Украина, напорите за завршување на војната и можностите за постигнување праведен и траен мир.

Мицкоски преку објава на социјалните мрежи информираше дека на состанокот била истакната потребата од засилени дипломатски напори, како и од заедничко дејствување на европските партнери и Соединетите Американски Држави.

Премиерот посочи дека Македонија ја потврдила поддршката за напорите за воспоставување праведен и траен мир во Украина, преку дијалог, дипломатија и координација со сојузниците.

Средбата во Берлин е дел од пошироките меѓународни напори за усогласување на позициите и координација меѓу сојузниците во однос на војната во Украина и идните безбедносни предизвици во Европа.

CATEGORIES
Share This