УХМР СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Силен ветер над 80 км/ч и обилни врнежи од дожд – еве каде ќе биде најкритично

Најобилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови, каде може да наврнат над 15 литри дожд на квадратен метар.

УХМР СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Силен ветер над 80 км/ч и обилни врнежи од дожд – еве каде ќе биде најкритично
Фото: Принтскрин

Претпладне времето ќе биде со мала облачност, но во текот на попладневните часови се очекува зголемување на облачноста, проследено со повремени врнежи од дожд.

Според прогнозата на УХМР, локално ќе има пообилни врнежи, особено во крајните западни делови од земјата, каде се очекува да наврнат над 15 литри дожд на квадратен метар.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, кој во западните делови повремено ќе достигнува и над 80 километри на час.

Минималната и максималната температура ќе се движат во интервал од 8 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот постојат услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој во одделни делови од котлината повремено ќе биде засилен.

CATEGORIES
Share This