ПУТИН, ТРАМП И СИ НА ИСТА МАСА, НО КРЕМЉ НЕ ОЧЕКУВА МНОГУ Песков откри што очекува Москва
Русија очекува прагматична размена на мислења за клучните меѓународни прашања, без големи очекувања за конкретни резултати од разговорите во Шенжен.

Русија нема големи очекувања од најавените трилатерални разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг, кои треба да се одржат во кинескиот град Шенжен.
Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, нагласувајќи дека Москва има прагматичен пристап кон средбата и не очекува однапред конкретни резултати.
„Немаме големи очекувања. Нашите очекувања се прагматични дека ќе има добра размена на мислења за низата прашања за кои е договорено, како и за други теми што лидерите ќе сметаат дека е потребно да ги покренат“, изјави Песков, пренесува РИА Новости.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во Шенжен, каде што на 18 и 19 ноември се одржува самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).
Самитот се одржува во период на значајни геополитички и економски промени, а евентуалните разговори меѓу лидерите на трите големи светски сили се очекува да привлечат големо меѓународно внимание.

