ТРАМП ИМ ГИ ЗАТВОРИ ВРАТИТЕ НА МИС УНИВЕРЗУМ Три убавици останаа без настап поради американските визи

Претставничките на Замбија, Зимбабве и Република Конго се соочија со проблеми со американските визи поради ограничувањата за патување.

ТРАМП ИМ ГИ ЗАТВОРИ ВРАТИТЕ НА МИС УНИВЕРЗУМ Три убавици останаа без настап поради американските визи
Фото: Принтскрин

Изборот за Мис Универзум сè уште не започнал, а веќе е проследен со контроверзии. Претставничките на Замбија, Зимбабве и Република Конго се соочија со проблеми при добивањето американски визи, поради што не можат да отпатуваат во Порторико и да учествуваат на едно од најпрестижните светски натпреварувања за убавина.

Причината се ограничувањата за патување воведени и проширени од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Бидејќи натпреварувањето се одржува во Порторико, кое е американска територија, за учесничките важат американските правила за влез.

„Денес е денот кога требаше да патувам во Порторико. За жал, поради делумната забрана за влез што САД ја воведоа за Зимбабве и други нации, не можам да дојдам“, изјави Росан Хол, претставничката на Зимбабве.

Без можност за учество останаа и Мубанга Памела Хатјока од Замбија и Џорџина Камбонго од Република Конго. За Камбонго ова требаше да биде историски настап, бидејќи требаше да стане првата претставничка на својата земја на изборот за Мис Универзум. Организаторите на изборот во Замбија изразија разочарување поради ситуацијата, нагласувајќи дека нивната претставничка ја заслужила можноста да се натпреварува.

„Таа ја освои својата круна, својата титула и заслужува можност да ја претставува земјата на која е горда“, порачаа организаторите.

Минатиот декември администрацијата на Трамп ги прошири ограничувањата за патување на дополнителни земји, меѓу кои Замбија и Зимбабве. Граѓаните на Република Конго и Јужен Судан, пак, се соочуваат со уште построги правила за влез во САД, со одредени исклучоци.

И покрај проблемите со визите, 75-тото јубилејно издание на Мис Универзум ќе се одржи на 24 ноември во Порторико, со учество на претставнички од бројни земји. Овогодинешниот избор е посебен и поради одбележувањето на 75 години од постоењето на натпреварувањето. Во центарот на вниманието ќе биде и новата круна наречена „Сјајот на вечното наследство“.

Станува збор за луксузен накит изработен од 18-каратно бело злато и украсен со дури 3.150 дијаманти. Круната е дизајнирана од Џорџ Вителс во соработка со париската куќа за накит Maison d’OR. Беше претставена на 13 ноември во Сан Хуан, а победничката на јубилејниот избор за Мис Универзум ќе биде првата што ќе ја носи.
CATEGORIES
Share This