НОВ ПОЛИТИЧКИ ПОЧЕТОК ВО СРБИЈА Денеска се конституира новиот парламент, се избира нов претседател

Пратениците ќе ги потврдат своите мандати, ќе избираат претседател и потпретседатели на Собранието, а седницата до изборот на новиот претседател ќе ја води професорот Стојан Раденовиќ.

НОВ ПОЛИТИЧКИ ПОЧЕТОК ВО СРБИЈА Денеска се конституира новиот парламент, се избира нов претседател
Фото: Принтскрин

Новиот состав на Народното собрание на Србија денеска ја одржува конститутивната седница, на која треба да бидат потврдени мандатите на избраните пратеници и да биде избрано новото парламентарно раководство.

На дневниот ред се наоѓаат шест точки, меѓу кои потврдувањето на мандатите на пратениците, изборот на претседател и потпретседатели на Народното собрание, како и назначувањето генерален секретар.

Предвидени се и избор на членови на парламентарните работни тела и формирање постојани парламентарни делегации во меѓународните институции.

Седницата, согласно Деловникот, ја свика претседателката на претходниот состав на Собранието, Ана Брнабиќ.

До изборот на новиот претседател на Народното собрание, со седницата ќе претседава најстариот пратеник, професорот Стојан Раденовиќ.

CATEGORIES
Share This