ВОНРЕДНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СТРУГА Не ја пијте водата од градскиот водовод

Поради зголемена заматеност е воведена забрана за пиење на водата. Измерените вредности во градот достигнуваат до 1,8 НТУ, над дозволената граница од 1,5 НТУ.

ВОНРЕДНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СТРУГА Не ја пијте водата од градскиот водовод
Фото: Принтскрин

Жителите на Струга засега не треба да ја користат водата од градскиот водовод за пиење, откако Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ соопшти дека е утврдена зголемена заматеност на водата.

Според резултатите од мерењата, заматеноста на мерните места во градот се движи од 1,52 до 1,8 НТУ, додека примероците земени од изворот „Шум“ покажале вредност од 0,89 НТУ.

Дозволената граница за заматеност на водата за пиење изнесува 1,5 НТУ, што значи дека измерените вредности во градскиот водовод ја надминуваат дозволената граница.

НТУ (NTU -Nephelometric Turbidity Units) е мерна единица за заматеност на водата. Со неа се утврдува присуството на ситни честички, како земја, глина и органски материи, кои ја намалуваат проѕирноста на водата.

Поради надминувањето на дозволените вредности, воведена е забрана за користење на водата за пиење.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека водата во моментов може да се користи исклучиво за технички потреби.

CATEGORIES
Share This