ШТО АКО РУСИЈА ЈА ОКУПИРА ЕСТОНИЈА Балтичката држава подготвува необична стратегија – државата да работи од странство

Балтичката држава развива стратегија со која државните дигитални услуги би продолжиле да функционираат од странство дури и ако Русија ја нападне или ги уништи нејзините центри за податоци.

ШТО АКО РУСИЈА ЈА ОКУПИРА ЕСТОНИЈА Балтичката држава подготвува необична стратегија – државата да работи од странство
Фото: Принтскрин

Естонија развива необична, но стратешки важна безбедносна концепција,  државата да може да продолжи да функционира дигитално дури и ако нејзината територија биде окупирана или ако воен напад ги уништи клучните центри за податоци. Според бриселскиот „Политико“, планот предвидува државните дигитални услуги да останат достапни и да продолжат да работат од инфраструктура лоцирана надвор од границите на земјата.

Естонија, која има население од околу 1,3 милиони жители, дели 294 километри граница со Русија и е меѓу балтичките држави кои најсериозно стравуваат од можен руски воен напад. Во Талин постои загриженост дека Естонија би можела да биде една од главните цели доколку Москва одлучи да нападне членка на Европската Унија.

Безбедносните стравувања на естонските власти не се однесуваат само на можноста за класична воена инвазија. Талин со години ја обвинува Москва за активности на хибридно војување, вклучувајќи кибернапади, заговори за подметнување пожари и активности насочени кон сечење подводни кабли за пренос на податоци. Токму затоа, заштитата на дигиталната инфраструктура станува еден од клучните приоритети на естонската национална безбедност.

Естонија е една од најнапредните дигитални држави во Европа, со голем дел од јавните услуги достапни преку интернет. Но, зависноста од дигиталната инфраструктура истовремено создава и безбедносен ризик доколку таа инфраструктура биде уништена или ставена под контрола на непријателска сила. Со новата стратегија, земјата сака да обезбеди континуитет на државните функции и услуги, без оглед на тоа што би се случувало на нејзината територија.

Идејата е дури и во најцрното сценарио – воена окупација или уништување на клучните системи – институциите да можат да продолжат со работа од странство.

НОВИ ОБВИНУВАЊА ПРОТИВ МОСКВА Финска тврди дека Русија подготвува саботажи низ Европа, Естонија размислува за затворање на границата

CATEGORIES
TAGS
Share This