НЕ СМЕ КУБА, НИТУ ВЕНЕЦУЕЛА Иран испрати остра порака до САД

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, обвини дека Вашингтон можеби ја користи дипломатијата за да добие време и да подготви нов воен напад.

НЕ СМЕ КУБА, НИТУ ВЕНЕЦУЕЛА Иран испрати остра порака до САД
Фото: Принтскрин

Иран упати остра порака до Соединетите Американски Држави, предупредувајќи дека нема да чека Вашингтон прв да започне воен напад за да реагира.

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран за правни и меѓународни работи, Казем Гарибабади, изјави дека Техеран не ја исклучува можноста САД да ја користат дипломатијата како средство за добивање време и подготовка на нов воен напад.

Неговата изјава ја пренесе иранската новинска агенција Фарс.

Гарибабади нагласи дека Иран нема да дозволи да биде ставен под притисок и принуден на капитулација, правејќи директна споредба со Куба и Венецуела.

„Иран не е Куба што можете да ја блокирате, ниту е Венецуела што можете да ја принудите да капитулира“, изјави иранскиот функционер.

Тој предупреди дека зад дипломатските контакти може да се крие обид на американската страна да создаде услови за нова воена операција.

Изјавата доаѓа во услови на зголемени тензии меѓу Техеран и Вашингтон и неизвесност околу можноста за нова ескалација на конфликтот.

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ НАПАД ВРЗ ИРАН Вашингтон сака да преговара од позиција на сила

CATEGORIES
TAGS
Share This