ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија
Политички преглед на денот, недела 15 ноември 2026 година.

Политички преглед на денот, недела 15 ноември 2026 година. Што објавија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија?
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Али Ахмети да му ги чува и препродава акциите на Давор Мацура
Во позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДС и ДУИ, Бесими ја отворил темата на Влада а фирма на сватот на Ахмети зела 5 милиони евра кредит. Случајот Алта Банка е доказ за начинот на владеење на СДС И ДУИ предводени од Ахмети и кланот Заеви.
Случајот Алта Банка е доказ и Дека државата и граѓаните на СДС и ДУИ не им биле важни а единствен интерес им биле бизнис шемите, нетранспарентните зделки, енормнто богатење на поединци преку ноќ како и провизиите и полнењето на сопствените џебови врз грбот на народот. Нема голем скандал во Македонија а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај ДУИ и Али Ахмети. Фирмата на сватот на Ахмети добива 5 милиони евра кредит од Алта Банка Србија.
Сега на секој граѓанин му е јасно зошто поранешните функционери на ДУИ Фатмир Бесими, Бујар Османи и Артан Груби толку агресивно го туркаа влезот на „Алта банка“ во македонскиот финансиски сектор. Контроверзниот српски тајкун Давор Мацура, кој сега е во притвор во Србија, ја презел контролата врз Стопанска банка Битола подоцна преименувана во Алта банка Македонија купувајќи ги акциите директно од семејната компанија на сватот на Али Ахмети.
Во октомври 2024 година, кичевската компанија „АС Сењак“ на Селаудин Арифи, сватот на Али Ахмети, нагло влегува во банкарскиот бизнис и купува значаен пакет акции во Стопанска банка Битола. Во јуни 2025 година, нивната поврзана фирма ги зема петте милиони евра кредит од „Алта банка“ во Белград. И само три месеци подоцна, на 17 септември 2025 година, во финалниот чин, компанијата „АС Сењак“ на сватот на Ахмети официјално му ги продава своите акции во битолската банка токму на Давор Мацура и неговата „Алта банка“, со што му овозможува директно преземање на банката во Македонија.
Во јуни, семејната бизнис-мрежа на Ахмети зема 5 милиони евра кредит од Мацура од Белград. За во септември, сватот на Ахмети преку „АС Сењак“ му ги продава акциите на истиот тој Мацура за да влезе во „Алта банка Македонија“ и инкасира милиони.
Дали кредитот од 5 милиони евра и купувањето на акциите биле меѓусебно поврзани? Дали преку кредитирањето на фирма од бизнис-кругот на Ахмети, Мацура индиректно го финансирал сопственото влегување на македонскиот пазар? Колку чинеле акциите и колкава финансиска добивка остварил продавачот?
Филипче и СДС да престанат да сеат магла во јавноста и да кажат дали на 24 октомври 2023 година, кога Бесими ја отворил темата за Алта банка на владина седница, знаеле за деловните релации со компанијата на сватот на Ахмети? Дали тогаш СДС и ДУИ имале сознанија за потеклото на капиталот на банката и евентуални сомнежи? Зошто молчеле за деловната соработка меѓу круговите на ДУИ, Давор Мацура и Алта банка?
Нема недопирливи! Секој сомнеж мора да биде проверен, а секоја утврдена незаконитост да биде санкционирана. ВМРО-ДПМНЕ бара транспарентност, институционална одговорност и целосно расчистување на случајот.
СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски
Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори. Еден ден се фали со економси раст, друг ден признава дека државата нема пари. Неговите противречни изјави ја разобличуваат целата владина пропаганда, сите негови лаги.
И ММФ ги разби бајките на Мицкоски. Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа. Според проекциите на ММФ, Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии по БДП по жител, со 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија, Црна Гора и Албанија. Разликата со најбогатите европски економии останува огромна.
Ова е реалната состојба на македонската економија. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите. Ова е сè она за што СДСМ предупредува последната година. Сега потврдено и од ММФ.
Реалноста е дека има 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е дека луѓето живеат полошо. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата – само бајки. Пари во буџетот нема, пари за граѓаните нема. Но знаеме каде има – кај Мицкоски и неговата банда.
Вистината е сега на виделина, и со скандалот со Алта банка, и со неговите врски со Вучиќ. За сè ова, одговорност ќе има.
ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА: Мијалков, Заев и другите да не се радуваат предвреме: Европа и Судот во Стразбур имаат примери за застарени дела – Единствена Македонија бара ретроактивен кривичен законик
Единствена Македонија реагира на најавите дека новиот Кривичен законик ќе предвидува повисоки казни за корупцијата и криминалот, но нема да има ретроактивно дејство.
Сметаме дека ваквиот пристап е недоволен. Не може да се најавува бескомпромисна борба против корупцијата, а истовремено да се остават недопрени оние кои со години ја ограбуваа Македонија.
Со измените на Кривичниот законик од 2023 година, преку намалувањето на казните и скратувањето на роковите за застарување, дел од најголемите криминални случаи останаа без можност за гонење. Така, денес, за случаи поврзани со Сашо Мијалков, Зоран Заев и други поранешни функционери, застарувањето претставува сериозна пречка за утврдување одговорност.
Затоа, Единствена Македонија бара да се разгледа можноста за ретроактивно дејство и надминување на последиците од измените во 2023 година. Притоа, мора сериозно да се анализираат искуствата на европските држави, меѓу кои случаите во Чешка и Германија, како и практиката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во однос на тоа како го решаваат случајот со домашната уставна забрана за повратно дејство на законите и исклучоците кога се штити владеењето на правото и кога треба да се спречи вештачката неказнивост со законските промени на роковите за застареност. Значи, постоjат европски случаи на повратно важење на законите во однос на роковите за застареност. Во секое зло, добро!
Не е доволно да се зголемуваат казните за оние што допрва ќе вршат криминал. Мора да се бара законски и уставно одржлив начин за одговорност и на оние кои веќе ја ограбија државата.
Македонија не смее да стане држава во која за ситниот криминал има казни, а за милионскиот грабеж има застарување!
Единствена Македонија – правдата мора да важи за сите!


