ГАШИ ПОПУШТИ Опозицијата повторно ќе ја испрашува Владата во Собранието
Координаторите на пратеничките групи се согласиле опозициските прашања повторно да бидат поставени на 130. пленарна седница, но засега не е познато кога таа ќе се одржи.

Фото: Принтскрин
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, соопшти дека опозициските пратенички прашања ќе бидат повторно поставени во рамки на 130. пленарна седница.
Како што информираше Гаши, за ова прашање постигната е согласност на координативната средба со координаторите на пратеничките групи.
Засега не е прецизирано кога ќе се одржи 130. пленарна седница на која пратениците од опозицијата повторно ќе можат да им поставуваат прашања на претставниците на Владата.
По постигнатиот договор, пратениците ја продолжија работата на 129. пленарна седница.
CATEGORIES Македонија

