МРМЕ ПРАВИ ЧУДА ВО ТАЏИКИСТАН Го урна Оман и обезбеди пласман во финалето

Игор Ангеловски продолжува со одличните резултати на клупата на Таџикистан.

МРМЕ ПРАВИ ЧУДА ВО ТАЏИКИСТАН Го урна Оман и обезбеди пласман во финалето
Фото: Принтскрин

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, продолжува да бележи одлични резултати на клупата на Таџикистан. Ангеловски успеа да ја одведе средноазиската селекција во финалето на „Кралскиот куп“, откако во полуфиналната пресметка славеше минимална победа од 1:0 против Оман.

Одлуката падна во 60. минута, кога Бобоев беше прецизен од белата точка и го постигна единствениот гол на натпреварот, со кој му донесе голема победа на тимот на Мрме.

Успехот добива дополнителна тежина ако се има предвид разликата на ФИФА-ранг-листата. Оман се наоѓа на 81. место, додека Таџикистан е 100-ти, односно дури 19 позиции подолу.

Во големото финале Таџикистан ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Тајланд и Брунеј.

Мрме сега е на чекор до трофеј со Таџикистан!

CATEGORIES
Share This