ДВАЕСЕТ ГОДИНИ НА ВРВОТ Како да го изберете „Samsung“ телевизорот што одговара на вашиот начин на живот

Веќе две децении, повеќе луѓе ширум светот избираат „Samsung“ отколку кој било друг бренд на телевизори. Со најшироката понуда досега, вистинското прашање веќе не е дали да го изберете „Samsung“, туку кој „Samsung“ модел на телевизор најдобро одговара на начинот на кој гледате.

ДВАЕСЕТ ГОДИНИ НА ВРВОТ Како да го изберете „Samsung“ телевизорот што одговара на вашиот начин на живот
Фото: Принтскрин

Скопје, 13 ноември 2026 година – Дваесет години е долг временски период кога станува збор за технологија. Телефоните, камерите и лаптопите се променија до непрепознатливост започнувајќи од 2006 година, а со нив и брендовите што ги произведуваат. Сепак, едно име остана на врвот на глобалниот пазар на телевизори во текот на целото време: Самсунг (“Samsung”) е светски бренд број еден за телевизори веќе 20 години по ред[1].

Две децении на прво место

Таа серија на успеси не дојде од играње на сигурно. Повторно и повторно, “Samsung” ја поставуваше насоката по која се водеше остатокот од индустријата. Елегантниот Bordeaux LCD телевизор пристигна во 2006 година, LED телевизорите во 2009 година и Smart телевизорите во 2011 година. Следеше Quantum Dot QLED ТВ уредот во 2017 година, 8K една година подоцна, а Neo QLED со неговите ситни, Mini LED диоди во 2021 година.

Најновото поглавје е Micro RGB, првиот телевизор од ваков вид во светот. А пристапот зад ова не е променет дваесет години: не го следете пазарот, водете го.

Телевизор што постојано се подобрува

Денешните телевизори на “Samsung” се повеќе од само прекрасна слика. Серијата за 2026 година е заснована на Vision AI, кој дискретно ги прилагодува сликата и звукот според она што се прикажува на екранот, од трилер доцна во ноќта, до големиот натпревар во недела.

Со Vision AI Companion, можете едноставно да го прашате вашиот телевизор прашање за она што го гледате и да го добиете одговорот на екранот, без да посегнете по вашиот телефон.

А откако ќе го купите, вашиот телевизор нема да остане непроменет. “Samsung”  нуди седум години бесплатни надградби на оперативниот систем, па така, од година во година, пристигнуваат нови функции. Тоа е донекаде како секоја година да добивате нов телевизор, без притоа да морате да купите нов.

Кој “Samsung” ТВ е вистинскиот за вас?

“Samsung” ја обликува својата понуда за 2026 година околу четири секојдневни пасии: филмови, спорт, гејминг и уметност и дизајн. Еве краток водич за да го најдете она што ви одговара.

За оние што го сакаат најдоброто: Micro RGB

Како што кај автомобилите постојат „супер-автомобили“, кај телевизорите тоа е Micro RGB. Зад екранот се наоѓаат милиони микроскопски црвени, зелени и сини светла, од кои секое е помало од снегулка. Бидејќи секоја боја се контролира посебно, сликата прикажува побогати и почисти бои од кога било досега, со длабок контраст кој создава чувство како да сте во кино, но во вашата дневна соба. Исто така, сертифициран е за удобност на очите при гледање, па долгите филмски вечери се поудобни за вашиот вид.

За љубителите на филмови: OLED

OLED е изборот за оние кои сакаат да гледаат ТВ со пригушено светло. Секој пиксели сам емитува светлина, па црната боја е навистина црна, а сите нијанси помеѓу остануваат богати и природни. Кај врвните модели, Glare Free технологијата „без отсјај“ се справува со рефлексиите, дури и во осветлена дневна соба. OLED е одличен избор и за сериозните гејмери.

За гејмери: Neo QLED

Neo QLED комбинира прецизно Mini LED осветлување со вистински квантни точки, за светли и живописни бои кои остануваат верни на реалноста дури и во сончева просторија. Брзите игри остануваат глатки и остри на фреквенција до 144Hz, а телевизорот ја препознава играта што ја играте и автоматски ги прилагодува поставките. Така, поминувате помалку време во менијата, а повеќе време во играње.

За целото семејство: Mini LED

Замислете го како „швајцарски нож“ меѓу телевизорите. Mini LED овозможува посветли сцени и поживописни бои за сè, од цртани филмови и серии, па сè до видеоигри и вести. Љубителите на фудбалот ќе бидат воодушевени од режимот „AI Football Mode“, кој го прави теренот поживописен и ве става директно во срцето на атмосферата на стадионот.

За љубителите на уметноста: The Frame

Кога е исклучен, тој не е само црн правоаголник на ѕидот, туку уметничко дело во рамка. Преку режимот „Art Mode“, The Frame прикажува слики и фотографии на мат екран без отсјај, кој неверојатно наликува на платно. Преку „Art Store“, во вашиот дом можете да внесете дела од светски познати музеи и галерии.

Дополнете ја сликата со звук

Одличната слика заслужува одличен звук. Поврзете го вашиот „Samsung“ телевизор со „Samsung“ саундбар звучник, а технологијата Q-Symphony ќе овозможи звучниците на телевизорот и саундбарот да работат заедно како еден систем, наместо едните да се исклучуваат. Гласовите стануваат појасни, звучните ефекти се шират низ просторијата, а секој филм, натпревар или игра делуваат поимпресивно.

Есенското освежување на вашиот дом носи и посебни погодности

За оние кои сакаат да ја откријат уметничката страна на својот ТВ уред, одредени телевизори вклучуваат тримесечен бесплатен пристап до „Art Store“ за нови корисници, достапен по регистрација, најдоцна до 31 декември 2026 година. Деталите за моделите што се опфатени со понудата, како и начинот како да ја искористите, можете да ги најдете на наведената страница.

Дваесет години подоцна, сè уште предводник

Без разлика дали сакате врвно кино дома, моќна гејминг-платформа, стилско уметничко дело или едноставно одличен телевизор за целото семејство, “Samsung” е тука за вас. Дваесет години лидерство е ветување дека ќе продолжи да се подобрува долго откако ќе пристигне во вашиот дом.

За “Samsung Electronics Co., Ltd.”

“Samsung” го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung” исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman”. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung” нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung” Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

[1] Извор: „Omdia“, февруари 2026 г. Резултатите не претставуваат препорака за „Samsung“ од страна на „Omdia“. Податоците се засноваат на глобалниот удел на пазарот на телевизори по производител (годишна продажба на уреди и приход).

CATEGORIES
Share This