ОБЛАЦИ, ДОЖД И ВЕТЕР – УХМР со прогноза за времето во Македонија

Температурите ќе се движат од 8 до 18 степени, а долж Повардарието се очекува повремено засилен северен ветер.

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ВЕТЕР –  УХМР со прогноза за времето во Македонија
Фото: Национал

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд нè очекува во текот на денот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде 8, а максималната ќе достигне до 18 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

CATEGORIES
Share This