ЕВРОПА САКА СОПСТВЕНА АРМИЈА Дури 71 процент од Европејците бараат заедничка војска на ЕУ

Анкетата на GLOBSEC открива силна поддршка за заедничка европска војска, додека 78 проценти од Европејците бараат зајакнување на одбранбените капацитети на Унијата во соработка со НАТО.

ЕВРОПА САКА СОПСТВЕНА АРМИЈА Дури 71 процент од Европејците бараат заедничка војска на ЕУ
Фото: Принтскрин

Дури 71 процент од европските граѓани го поддржуваат формирањето заедничка армија на Европската Унија, покажува анкетата за 2026 година спроведена од безбедносниот тинк-тенк GLOBSEC, чии резултати ги објави бриселскиот „Политико“.

Истражувањето открива и дека 78 проценти од испитаниците во земјите-членки сметаат дека Европската Унија треба да ги зајакне своите одбранбени капацитети во соработка со НАТО.

Поддршката за формирање европска армија е регистрирана во сите анкетирани земји-членки, но постојат разлики во нејзиниот интензитет. Најголема поддршка има во Романија, каде што дури 82 проценти од граѓаните се изјасниле позитивно за идејата. Следуваат Литванија со 78 проценти и Франција со 75 проценти. Во Полска и Бугарија поддршката се движи околу 70 проценти, додека во Германија изнесува 69 проценти.

Резултатите покажуваат дека идејата за заедничка европска воена сила има значителна поддршка меѓу граѓаните на Унијата, во време кога европската безбедност и одбранбената самостојност се меѓу клучните политички и стратешки прашања.

CATEGORIES
Share This