ГОЛЕМА АКЦИЈА ПРОТИВ ДРВОКРАДЦИТЕ Запленети 734 кубни метри дрва, одземени 34 возила и трактори и поднесени 147 пријави

Најголем дел од запленетата дрвна маса е даб и бука, со вкупно 562 кубни метри. Одземени се и 51 кубен метар мешано дрво и 121 кубен метар техничко дрво.

ГОЛЕМА АКЦИЈА ПРОТИВ ДРВОКРАДЦИТЕ Запленети 734 кубни метри дрва, одземени 34 возила и трактори и поднесени 147 пријави

Шумската полиција во текот на октомври спровела засилени акции против бесправната сеча, транспортот и трговијата со нелегално потекло на дрвна маса, при што биле запленети 734 кубни метри дрва и поднесени 147 прекршочни и кривични пријави.

Најголем дел од запленетата дрвна маса е даб и бука, со вкупно 562 кубни метри. Одземени се и 51 кубен метар мешано дрво и 121 кубен метар техничко дрво.

Во акциите привремено се одземени 11 товарни и 15 патнички возила, осум трактори, 13 приколки и 18 моторни пили.

До надлежните судови се поднесени 122 прекршочни пријави, додека до Основното јавно обвинителство се доставени 25 кривични пријави.

CATEGORIES
Share This