АМЕРИКА ВЕЌЕ ГИ БАРА НАСЛЕДНИЦИТЕ НА ТРАМП Рубио и Венс против Ософ и Батиџ во трката за Белата куќа во 2028 година

Анкетата покажува дека 45 проценти од републиканските гласачи го гледаат Марко Рубио како одличен претседателски кандидат, додека кај демократите Џон Ософ и Пит Батиџ добиваат најголема поддршка.

АМЕРИКА ВЕЌЕ ГИ БАРА НАСЛЕДНИЦИТЕ НА ТРАМП Рубио и Венс против Ософ и Батиџ во трката за Белата куќа во 2028 година
Фото: Принтскрин

Републиканците Марко Рубио и Џ.Д. Венс, како и демократските политичари Џон Ософ и Пит Батиџ, се издвојуваат како потенцијални кандидати за следните претседателски избори во Соединетите Американски Држави, покажува анкетата спроведена од „Ројтерс“ и „Ипсос“.

Меѓу републиканските гласачи, 45 проценти сметаат дека Рубио би бил „одличен“ претседателски кандидат. Нешто помала поддршка има актуелниот потпретседател Џ.Д. Венс, за кого 43 проценти од испитаниците го делат истото мислење.

Кај демократите, Џон Ософ и Пит Батиџ се издвојуваат како најинтересни потенцијални кандидати. Двајцата добиле по 29 проценти од оценките дека би биле „одличен“ избор за претседателски кандидат.

Резултатите укажуваат дека во двете политички партии веќе се наметнуваат имиња кои би можеле да ја предводат трката за Белата куќа во 2028 година.

CATEGORIES
Share This