ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НАУТРО МАГЛА ВО КОТЛИНИТЕ Температурите ќе достигнат до 21 степен
Во Македонија ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од јужен правец. Во Скопје претежно облачно, со утринска магла во делови од котлината.

Фото: Национал
Времето утре ќе биде променливо облачно, а во одделни котлини во утринските часови се очекува појава на магла.
Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој на места повремено ќе засилува. Утринските и дневните температури ќе се движат во интервал од 9 до 21 степен.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, а во делови од котлината наутро ќе има појава на магла. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
CATEGORIES Македонија

