СКОПЈАНИ, ВНИМАНИЕ Утре делови од Аеродром, Чаир и Топанско Поле без струја или вода – проверете ги улиците

Поради планирани интервенции на електродистрибутивната и водоводната мрежа, на 11 ноември ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија во Аеродром и Чаир, како и прекин и намален притисок на водата во делови од Чаир и Топанско Поле.

СКОПЈАНИ, ВНИМАНИЕ Утре делови од Аеродром, Чаир и Топанско Поле без струја или вода – проверете ги улиците
Фото: Национал

Дел од жителите на Скопје утре, 11 ноември (среда), ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода поради планирани технички интервенции на електричната и водоводната мрежа.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека од 8:30 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од улицата „Џон Кенеди“, поради изведување водоводен приклучок на улицата „Ферид Заири“ бр. 12. Прекинот ќе трае до завршување на работните активности. Во меѓувреме, во населбата Топанско Поле ќе има намален притисок во водоводната мрежа.

Покрај проблемите со водоснабдувањето, утре се најавени и прекини на електричната енергија во две скопски општини.

Во општина Аеродром, од 08:00 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Тодор Чангов“ бр. 49. Во општина Чаир, прекинот ќе трае од 08:30 до 11:15 часот и ќе ги опфати потрошувачите на дел од булеварот „Македонско-косовска бригада“ и улицата „Методија Митевски“. Причината за прекинот во Чаир се планирани технички активности во трафостаницата Топаанско Поле 11, кои вклучуваат чистење, дополнување масло во кабловските глави и проверка на расклопната опрема.

Граѓаните од овие делови на Скопје треба навреме да ги имаат предвид најавените прекини и да ги приспособат своите активности.

CATEGORIES
Share This