ГОЛЕМ ПОЖАР НА БИТ-ПАЗАР Во гаснењето учествувале 23 пожарникари со седум противпожарни возила

Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот избувнал во периодот од 17:20 до 20:20 часот.

ГОЛЕМ ПОЖАР НА БИТ-ПАЗАР Во гаснењето учествувале 23 пожарникари со седум противпожарни возила

Пожар вчера попладне избувнал на Бит-пазар во Скопје, при што биле зафатени станбени објекти на улицата „Никола Мартиновски“ бр. 33. Во интервенцијата учествувале голем број пожарникари и противпожарни возила.

Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот избувнал во периодот од 17:20 до 20:20 часот. На терен биле ангажирани вкупно 23 пожарникари со седум противпожарни возила, кои интервенирале за локализирање и гаснење на огнената стихија.

За среќа, во пожарот нема повредени лица. Засега не се соопштуваат информации за причините за неговото избувнување, ниту за висината на материјалната штета предизвикана на објектите.

На местото на настанот и понатаму се присутни дежурни полициски службеници од Полициската станица Бит-пазар.

CATEGORIES
Share This