РЕКОРДНИ 708 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ШЕСТ ЧАСА – МВР фати стотици возачи кои возеле побрзо од дозволеното

При акциската контрола спроведена низ целата држава, 360 прекршоци биле регистрирани надвор од населено место, а 348 во населено место.

РЕКОРДНИ 708 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ШЕСТ ЧАСА – МВР фати стотици возачи кои возеле побрзо од дозволеното
Фото: Принтскрин

Дури 708 возачи биле фатени како управуваат со возило со брзина поголема од дозволената во само шест часа, покажува билансот од акциската сообраќајна контрола што ја спроведе Министерството за внатрешни работи низ целата држава.

Од МВР информираат дека контролата била реализирана вчера, во периодот од 11 до 17 часот, со цел откривање и санкционирање на возачите кои не ги почитуваат пропишаните ограничувања на брзината.

Од вкупно 708 регистрирани прекршоци, 360 биле констатирани надвор од населено место, додека 348 во населено место.

Во рамките на акциската контрола биле евидентирани и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик. Дополнително, полициските службеници откриле уште 98 прекршоци од друг вид, за кои биле преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека ќе продолжат со акциските сообраќајни контроли и апелираат до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината и сообраќајните правила, да возат внимателно и одговорно.

„Секој живот е важен“, порачуваат од МВР.

CATEGORIES
Share This