ТРАМП ШОКИРАШЕ ВО ИНТЕРВЈУ Не би им простил на политичките непријатели дури ни за влез во рајот
Американскиот претседател во интервју за емисијата „60 минути“ призна дека некои од своите политички противници ги мрази и дека нема да им прости дури и ако тоа е услов за да ја заслужи вечноста во рајот.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мрази дел од своите политички непријатели и дека тоа нема да се промени, дури ни ако простувањето е услов за негово заминување во рајот по смртта.
Во интервју за емисијата „60 минути“ на американската телевизија Си-Би-Ес (CBS), Трамп беше прашан дали би им простил на поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, и на демократската лидерка во Сенатот, Ненси Пелоси, или на други политички противници кон кои во минатото изразувал омраза, доколку тоа е услов за влез во рајот.
Неговиот одговор беше недвосмислен – не би го направил тоа, бидејќи, како што рече, станува збор за „екстремно нечесни луѓе“.
„Па тогаш тоа не би бил јас, нели? Одговорот е не, сакам да бидам искрен, не. Ова се исклучително нечесни луѓе, многу лоши луѓе, многу лоши за нашата земја. Веројатно не можам да го направам тоа, не, бидејќи мразам некои од моите непријатели и секогаш ќе го правам тоа“, изјави Трамп.
Со оваа изјава американскиот претседател повторно испрати остра порака кон своите политички противници, покажувајќи дека нема намера да ги повлече своите лични и политички ставови дури ни кога станува збор за прашањето на простувањето и вечниот живот.

