ВЕНГЕР ПОДГОТВУВА ФУДБАЛСКИ ЗЕМЈОТРЕС Легендата на Арсенал може да му ја преземе претседателската фотелја на Инфантино

Неговата кандидатура би можела да добие поддршка од федерации во Африка и Азија, но и од дел од вработените во светската фудбалска организација.

ВЕНГЕР ПОДГОТВУВА ФУДБАЛСКИ ЗЕМЈОТРЕС Легендата на Арсенал може да му ја преземе претседателската фотелја на Инфантино
Фото: Принтскрин

Арсен Венгер би можел да биде најголемиот предизвик за Џани Инфантино во трката за претседател на ФИФА. Поранешниот долгогодишен менаџер на Арсенал, кој моментално ја извршува функцијата директор за глобален развој на фудбалот во светската фудбалска организација, сериозно размислува за кандидатура. Според информациите на францускиот весник „Л’Екип“, Венгер е сè поблиску до конечна одлука, која се очекува да ја соопшти во средината на следната недела.

Во наредните денови тој треба да одржи неколку состаноци со луѓе кои го охрабруваат да влезе во изборната трка. Неговото богато меѓународно искуство и углед во светскиот фудбал би можеле да му донесат поддршка од националните федерации кои не се задоволни од актуелното раководство на ФИФА.

Она што особено ја прави интересна евентуалната кандидатура на Венгер е неговата популарност во Африка и Азија. Дополнителна предност би можело да биде и тоа што тој не доаѓа од фудбалските структури на УЕФА. Според француските медиуми, поддршка за неговата кандидатура постои и меѓу дел од вработените во самата ФИФА.

Со оглед на тоа што има 77 години, веќе се шпекулира дека Венгер, доколку биде избран, би се задржал на претседателската функција само еден четиригодишен мандат. Актуелниот претседател Џани Инфантино веќе се подготвува за нова кандидатура, но Венгер не е единственото име што се споменува како можен противкандидат.

Намера да му се спротивстави на Инфантино претходно најавил и Јапонецот Коѕо Ташима, еден од највлијателните луѓе во јапонскиот фудбал. Доколку Венгер навистина се кандидира, изборната трка за челната позиција во ФИФА би можела да добие сосема поинаков тек. Легендарниот Французин би влегол во директна битка со човекот кој веќе со години управува со светскиот фудбал.

БЕКАМ ТРГНУВА ПО ТРОНОТ НА ФИФА Инфантино добива опасен противник

CATEGORIES
Share This