СИМЕОНЕ ГО ПОСОЧИ НАЈГОЛЕМИОТ ПРОБЛЕМ ЗА АТЛЕТИКО Рафиња е играчот број еден во Барселона
Пред големото дерби на „Метрополитано“, аргентинскиот стратег испрати сериозно предупредување до своите фудбалери и откри зошто Барселона на Ханси Флик е уште поопасна оваа сезона.

Диего Симеоне не штедеше пофалби за Барселона пред вечерашното големо дерби во Ла Лига, но посебно внимание посвети на еден фудбалер – Рафиња. Тренерот на Атлетико Мадрид смета дека Бразилецот е најважниот играч во каталонскиот тим оваа сезона и предупреди дека неговото движење може да создаде сериозни проблеми за одбраната на „јорганџиите“.
Двата тима ги делат само два бода на табелата, па дуелот на стадионот „Метрополитано“ носи голема тежина во борбата за врвот. Натпреварот е закажан за 21 часот, а и Атлетико и Барселона влегуваат со високи амбиции. Иако Симеоне има добар биланс во нокаут-пресметките против Барселона предводена од Ханси Флик, аргентинскиот стратег не сакаше да се навраќа на минатото. Наместо тоа, целосно се фокусираше на предизвикот што го очекува неговиот тим.
Симеоне јасно стави до знаење дека ја смета Барселона за најдобар тим, а посебно го издвојува влијанието на Рафиња врз играта на каталонците.
„Знаеме против кого играме. За мене Барселона е најдобриот тим и немам сомнежи во тоа. Имаат многу добар тим во целина и играчи кои можат да ви нанесат штета“, порача Симеоне.
Потоа посебно го анализираше Бразилецот, нагласувајќи дека неговата улога оваа сезона ѝ дава дополнителна разновидност на Барселона.
„Рафиња е извонреден фудбалер, работи напорно, врши пресинг, дава голови и дели асистенции. Оваа сезона игра на поинаква позиција, но така носи уште повеќе опции и различни решенија за својот тим“, објасни тренерот на Атлетико.
Аргентинецот смета дека филозофијата на игра на Барселона под водство на Флик останува препознатлива, но дека нападот е значително поразновиден.
„Играат висок пресинг, брзо ја одземаат топката и имаат голем голгетерски потенцијал. Разликата е во нападот. Нападот со Левандовски им беше постатичен, а сега добиваат различни опции со Рафиња. Го имаат и Гордон на левата страна, па со таков напад многу покомплексно е да се браните“, истакна Симеоне.
Во меѓувреме, Ханси Флик пред дербито откри дека сè уште не ја решил дилемата околу тоа кој ќе биде стартер на местото на Родри. Едно е сигурно и Атлетико ќе мора да најде начин да го запре Рафиња ако сака да ги освои трите бода во дербито кое може сериозно да влијае врз врвот на табелата.
ФЛИК ПОД ПРИТИСОК ПРЕД ДЕРБИТО Атлетико може да ја урне Барселона од врвот на Ла Лига

