АЛТА БАНКА СО НОВИ МОЖНОСТИ ЗА КЛИЕНТИТЕ Исплата во уште два града, се зголемува и лимитот за подигање пари

360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен подигнаа средства во Битола. Од понеделник почнуваат со работа шалтерите во Тетово и Струмица, а од следната недела се зголемува и лимитот за плаќања со картички.

АЛТА БАНКА СО НОВИ МОЖНОСТИ ЗА КЛИЕНТИТЕ Исплата во уште два града, се зголемува и лимитот за подигање пари
Фото: Принтскрин

Вкупно 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен кои немаат платежни картички на „АЛТА банка“ денеска успешно ги подигнале средствата од своите сметки во филијалата на банката во Битола, информираат од Народната банка. Исплатата се одвивала непречено, со добра организација и без проблеми при опслужувањето на клиентите.

Особено успешно бил организиран и превозот на граѓаните од трите града до филијалата во Битола и назад, со што им бил олеснет пристапот до нивните средства. Граѓаните можеле да подигнат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот лимит за период од две недели.

Од Народната банка информираат дека од понеделник започнуваат со работа и шалтерите на „АЛТА банка“ во Тетово и Струмица. Клиентите кои немаат платежни картички и во овие два града ќе можат да подигнат готовина до 20.000 денари.

Дополнително, од следната недела се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на банката. Наместо досегашните 10.000 денари, клиентите ќе можат да располагаат со лимит од 15.000 денари неделно.

ГОЛЕМО ОЛЕСНУВАЊЕ ЗА КЛИЕНТИТЕ НА АЛТА БАНКА Ќе можат да ги повлечат платите и пензиите без ограничување

CATEGORIES
Share This