ГОЛЕМ ПОЖАР ВО УКРАИНА Русија трипати го нападна објектот на „Нафтогас“
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, предупреди дека состојбата со снабдувањето со енергија во главниот град е исклучително тешка, со последици врз греењето и водоснабдувањето.

Руските сили синоќа извршиле три напади врз објект на украинската државна компанија „Нафтогас“ во централна Украина, при што биле оштетени постројките и избувнал голем пожар.
Според компанијата, вработените навреме биле евакуирани и нема повредени. Во тек е проценка на материјалната штета.
Нападите се случуваат во услови на засилени руски удари врз украинската енергетска инфраструктура. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, предупреди дека состојбата со снабдувањето со енергија во главниот град е исклучително тешка, со последици врз греењето и водоснабдувањето.
CATEGORIES Свет

