ЗАЕВ МУ ПОМАГАЛ ДОДЕКА БИЛ ВО БЕГСТВО Трифуновски-Жаба призна дека се сретнале во Грција

Организацискиот секретар на СДСМ во емисијата „Претрес со Ландов“ прво зборуваше за вилата на Заев, а потоа појаснуваше дека разговорот бил во нејзина близина. ВМРО-ДПМНЕ бара одговори.

ЗАЕВ МУ ПОМАГАЛ ДОДЕКА БИЛ ВО БЕГСТВО Трифуновски-Жаба призна дека се сретнале во Грција
Фото: Принтскрин

Организацискиот секретар на СДСМ, Зоран Трифуновски-Жаба, во емисијата „Претрес со Ландов“ потврди дека се сретнал со поранешниот премиер Зоран Заев во Грција, пред да се врати во Македонија и да се предаде на надлежните органи по бегството во Шпанија.

Разговорот отвори низа прашања околу местото на средбата. Трифуновски првично зборуваше за вилата на Заев, но по дополнителните прашања од водителот Кристијан Ландов појасни дека разговорот се одвивал во нејзина близина.

„Не во вилата, во близина на вилата имав разговор“, изјави Трифуновски, откако Ландов повеќепати побара да разјасни дали бил внатре во објектот или надвор од него.

Тој потврди и дека Заев бил меѓу луѓето кои му помогнале додека бил во бегство.

„Еден од пријателите што ми помогнал и што сум му благодарен е Заев“, рече организацискиот секретар на СДСМ.

Трифуновски, во интервјуто, одговараше и за периодот што го поминал во Грција пред да се врати во Македонија.

Целото интервју повторно ја отвори политичката дебата за односите меѓу Заев и Трифуновски, неговото бегство и судскиот процес што заврши со ослободителна пресуда.

CATEGORIES
Share This