ХЕРЦОГ ПРЕДУПРЕДУВА Антиизраелските чувства во Америка растат, особено меѓу демократите

Израелскиот претседател реагираше на изјавите на американскиот потпретседател Џ.Д. Венс за промената на расположението на американските гласачи кон односите со Израел по изборниот пораз на републиканците.

ХЕРЦОГ ПРЕДУПРЕДУВА Антиизраелските чувства во Америка растат, особено меѓу демократите
Фото: Принтскрин

Израелскиот претседател Исак Херцог изјави дека Израел има големо почитување кон американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс, но истовремено призна дека во САД се забележуваат сè поизразени антиизраелски чувства, особено меѓу демократите.

Херцог се осврна на проценката на Венс дека изборниот пораз на републиканците на среднорочните избори покажува дека американските гласачи сакаат промена во односот на Вашингтон кон Израел.

„Тукушто ги слушнав изјавите на потпретседателот Венс. Ова се чувствата што се присутни во нашата голема пријателска и сојузничка земја“, изјави Херцог за време на состанокот со претставници на партијата Јисраел Беитену.

Израелскиот претседател, како што пренесува „Тајмс оф Израел“, се осврнал и на растечките негативни ставови кон Израел во американската јавност, што отвора прашања за иднината на односите меѓу двете сојузнички земји.

CATEGORIES
Share This