Српско-македонско време на зло
Авторот се извинува што некогаш кажал нешто позитивно за СДСМ, оценувајќи дека надежта брзо исчезнала по приближувањето на партијата со Венко Филипче и дел од „шарените“. Воедно, го обвинува ВМРО-ДПМНЕ за двојни стандарди и молк во случајот со Тачи, Гаши и Меџити, и покрај претходните барања за оставки и извинувања во случајот со генералот Младиќ.

Колумна, Национал
д-р Тони Науновски
Среда, 04 ноември 2026 година
Нема сомнеж дека зад најновиот антисрпски национализам на Балканот се наоѓаат „длабоките држави“ и разузнавачко-политички центри на моќ на неколку европски држави сосе таканаречениот домицилен нво сектор а всушност нивни шпионски дувла.
Divide et impera – големите сили за свои економски и геополитички интереси сакаат и создаваат слаби, марионетски држави-територии, и единствено во тој контекст може да се разбере она што се случува во Србија (како и во Македонија во периодот од 2014 до 2017 година).
Политички дестабилизирана и економски слаба Србија е против Македонските национални и државни интереси, пред се затоа што во таква состојба агресивниот и постојан големоалбански национализам дополнително ќе се засили, и во тој контекст не се случајни најновите барања за Илирида.
Тоа е главната и оправдана причина за интересот на Македонскиот народ за случувањата во Србија и победата на нивната шарена соросоидна револуција, наспроти рационалноста и логиката.
Требаше Вучиќ да не праша нас овде кои две години се боревме против нашите шарени во 2014/2015 година и ги победивме на изборите (беше 51:49 по број на пратеници, ако се сеќавате) а не да се прави паметен и да пишува книга со наслов „Како ја победив шарената (портокаловата) револуција“ додека истата му се одвиваше пред очи – прво скокни па речи оп, вели една наша поговорка.
Тие неговите гледам пак го предлагаат за нов лидер на СНС, иако тој сето време суштински и беше тоа, наместо да побараат одговорност и оставка за огромниот пораз. Истиот тој што е поразен од шарените револуционери не може да ги победи, просто е.
Слично како и овде што беше поразениот од шарените (сосе ДУИ, во нашиот специфичен случај) е политичко минато, и никогаш повеќе нема да се врати на власт. За среќа изгледа некои таму почнуваат да го сфаќаат тоа, па почнаа критички да ги анализираат бројните грешки на Вучиќ (Раковиќ, Стаменковски).
Колку побрзо наместо култ на личност почнат да ја менуваат политичката стратегија против шарените, толку подобро и за СНС и за Србија.
Вучиќ и СНС направија бројни грешки во политичиот и институционален одговор на шарената соросоидна ревоција, и стварно требаше да не прашаат нас за совет, бидејќи искуството со таа така да се каже, метафорично, багра, овозможува рационални сознанија за начинот и методите со кои единствено може да се победи таа толпа, багра наречена, генерално кажано, шарена соросоидна.
Шарените се квази интелектуалци, анационални креатури што на Балканот е погубно, и бетер се дури и од оние од мицково дпмне кои и магаре да е ќе го гласаат ако е кажано од лидершипот на мицковистичко дпмне, дека е дпмне (магарето).
Тие се, да го цитирам самиот Вучиќ, талогот на општеството, морално и воопшто човечко дно, а сега истите тие шарени им држат лекции како треба, парадоксално, да апсат без основа и надвор од законска процедура и да затвораат медиуми (во таа смисла поддршка за најдобриот медиум во Србија ИНФОРМЕР ТВ кого шарените сакаат да го затворат) е така треба(ше), така мора(ше) токму со нив! Што би рекол професор доктор Воислав Шешељ, све то треба похапсити по Устав и закони, или што велеше еден козар, апси за да не те апсат – е, таа најважна лекција не ја научи Вучиќ, за жал.
Мициленд – антимакедонско дувло. Дека не само Србија туку и мициленд е збудалено место на планетата Земја одамна нема дилеми тоа е од првиот ден на неговото конституирање но дека ќе достигне такви пропорции па тоа дури ниту јас не го очекував. Деновиве мициленд спадна на најниското можно ниво на рационално размислување, а со тоа и Македонскиот народ.
Имено, во каква очајна положба се наоѓа Македонскиот народ денес уште еднаш се покажа изминатиов период со фарсата околу шизофреното однесување кон пресудите на меѓународните судови.
Дури и жал а не само потсмев да го зафати човек за оној Србинот што, замислете го само тој срам, дури и му се извинуваше на премиерот Мицкоски и ја избришал објавата во која напишал нешто за Генералот Ратко Младиќ а притоа треба да се знае дека партијата на Иван Стоиљковиќ е дел од режимот, од власта, истата онаа власт која бараше од нив власта да даде оставка тој некојси Србин функционер и да се извини (!).
И наместо пркосно да одбие, истиот лик со цел памет се извини, додека неговиот партиски шеф молчеше, не гукна ни збор за Генералот Младиќ. И за политичкото а богами и лично понижување да биде уште поголемо по само неколку дена, по објавувањето на пресудата со која се прогласува некој косовар за воен злосторник, цело влен сосе дуи афирмативно зборуваа за ликот, а ниту премиерот ниту србинот и партијата му не прозбореа, не бараа оставка или извинување од Гаши, Меџити и многу други.
И за политичкото понижување да биде ептен докрај истите тие влен – значи режимот бараше тој Србинот да биде разрешен, арно ама тогаш Стоиљковиќ и тој неговиот функционер што се извинуваше не изустија ниту збор за оставка на нивните коалициони другарчиња од истиот режим!
Па ова ниту Монти Пајтон и Бени Хил не би го смислиле. Не знам дали некој Србин некогаш ќе гласа повеќе за таа партија која доживеа такво понижување. Истовремено, ја нема онаа Зајкова или како веќе се вика од некоја си партија ЛДП која бараше кривично да се гонат сите оние кои би напишале нешто макар и нешто афирмативно за Генералот Младиќ а само бледо соопштение имаше за глорификацијата на Гаши и Меџити на некојси Тачи викан змија.
Слично и СДС со бледо и неуверливо соопштение за јавност наместо помпезни прес конференции како за Генералот Младиќ одоколу „како киша око крагујевац“ што велеше нивниот Заев, бараше некаков еднаков третман, ама со редица оградувања и ограничувања на значењето на соопштението до тој степен што ја губи смислата, за разлика од жестоките критики кон сите оне кои го спомнуваа воопшто Генералот Младиќ.
Со соопштенијата против Генералот Младиќ, СДС заврши како можна политичка алтернатива меѓу народот, ете им ги пак шарените соросоиди, нека прават нова шарена револуција, впрочем јавно кажуваат дека тоа е нивниот план, па баш ќе сеирџиме.
Инаку, се извинувам ако некогаш сум кажал нешто макар и нешто малку позитивно за СДС иако многу кратко време имаше надеж, се додека брзо, што се вели, не го седнаа во скут Венко токму и еден дел од шарените.
За сето тоа време мицковистичко дпмне, откако бараше оставка или извинување од Србинот за Генералот Младиќ, за тој Тачи ниту соопштение не смееја да пуштат до медиумите а камоли да бараат оставка или извинување од Гаши и Меџити – толку од демек патриотите, комити од мицковистичко дпмне, тие и овојпат како впречем веќе повеќе од две години се покажаа како политички слуги на ВЛЕН!

