ИРАН МУ ИСПРАТИ ПОРАКА НА ТРАМП Американците гласаа против војната

Иранскиот преговарач Мохамад Багер Калибаф ја протолкува победата на демократите како порака против војната и порача дека Техеран ја поддржува волјата на американските гласачи.

ИРАН МУ ИСПРАТИ ПОРАКА НА ТРАМП Американците гласаа против војната
Фото: Принтскрин

Претседателот на иранскиот парламент и главен претставник на Техеран во преговорите со Соединетите Американски Држави, Мохамад Багер Калибаф, го протолкува изборниот пораз на републиканците како порака од американските граѓани против војната.

Реагирајќи на резултатите од среднорочните избори во САД, на кои демократите остварија победа, Калибаф оцени дека американските гласачи испратиле јасна порака против воените конфликти.

„Без разлика дали од совест или поради трошоците за живот, Американците рекоа ‘не’ на војната и ние стоиме зад таа порака“, напиша Калибаф на социјалната мрежа X.

Според прелиминарните резултати, демократите ги победија републиканците и ќе го преземат мнозинството во двата дома на американскиот Конгрес – Претставничкиот дом и Сенатот.

Новата распределба на силите треба да стапи на сила во јануари, кога демократите ќе добијат контрола врз законодавниот дом, што може значително да влијае врз политиката на администрацијата на Доналд Трамп.

CATEGORIES
Share This