ТРАМП ПОВТОРНО ОСТРО ПО НОВИНАРКА Не можам да ѝ го поднесам гласот, ме излудува
Американскиот претседател жестоко ја нападна новинарката Џесика Тарлоу од „Фокс њуз“ преку својата социјална мрежа, најавувајќи дека ќе го смени каналот додека таа не ја заврши емисијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри навреди кон новинарката и политичка коментаторка Џесика Тарлоу за време на изборната програма на телевизијата „Фокс њуз“.
Трамп реагираше преку својата социјална мрежа „Трут Соушл“, каде напиша дека не може да го поднесе нејзиниот глас и дека ќе го смени телевизискиот канал додека таа не биде отстранета од програмата.
„Не можам да го поднесам гласот на Џесика Тарлоу. Таа е глупава како карпа, но нејзиниот глас ме излудува. Морам да одам некаде на друго место додека таа губитничка не ја заврши својата емисија. Ќе се вратам подоцна“, напиша Трамп.
Американскиот претседател посочил дека ги следи резултатите од среднорочните избори, но дека поради присуството на Тарлоу во програмата на „Фокс њуз“ привремено ќе ја смени телевизијата. Неговата реакција повторно привлече внимание поради директните и навредливи критики кон медиумски претставници.

