НЕМА ДА МЕ СКРШАТ Вучиќ со жестока порака по тридневните инциденти во Србија

Српскиот претседател ги обвини противниците за притисоци, упади во институции и обиди за заплашување, порачувајќи дека нема да се откаже од својата политичка борба.

НЕМА ДА МЕ СКРШАТ Вучиќ со жестока порака по тридневните инциденти во Србија
Фото: Принтскрин

Александар Вучиќ, носител на листата „Александар Вучиќ – Единствена Србија“, изјави дека веќе три дена, како што рече, се спроведува „револуционерен терор“ и порача дека ќе продолжи да им се спротивставува на оние што, според него, ѝ нанеле штета на Србија во изминатите две години.

Во видеообјава на Инстаграм, Вучиќ ги спомена упадите во телевизијата „Информер“ и во „Србијаводе“, како и инцидент поврзан со верски настан и спречување свештеници да ја прочитаат молитвата.

Тој направи споредба со политичките случувања во Србија во 2000 година, оценувајќи дека денешните негови противници се уште полоши од тогашните политички сили што дошле на власт.

Вучиќ додаде дека неговите противници, според него, се обидуваат да ги скршат луѓето со закани и притисоци, но нагласи дека тоа нема да ја промени неговата решителност.

„Мислат дека можат да ги скршат сите луѓе со закани. Скршиле многумина, ќе скршат уште многу, но никогаш нема да ја променат мојата волја“, порача Вучиќ.

ВУЧИЌ СЕ ЗАКАНИ СО САМООРГАНИЗИРАЊЕ НА СНС Ако државата не реагира, сами ќе донесеме одлуки (видео)

CATEGORIES
Share This