ПРОТИВРАКЕТЕН ШТИТ ОД СТОТИЦИ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Трамп ја најави „Златната купола“

ПРОТИВРАКЕТЕН ШТИТ ОД СТОТИЦИ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Трамп ја најави „Златната купола“

Американски претседател Доналд Трамп објави план за изградба на напреден противракетен одбранбен систем наречен „Златна купола“, вреден околу 175 милијарди долари, со цел да ги заштити САД и Канада од различни видови проектили и беспилотни летала.

„Му ветив на американскиот народ најсовремен противракетен штит – денес официјално го избравме дизајнот“, изјави Трамп од Белата куќа.

Системот ќе комбинира копнени и вселенски компоненти за рано откривање, следење и пресретнување на закани. Проектот ќе се надградува со идни технологии и ќе биде интегриран со постојните американски одбранбени капацитети.

Првичните инвестиции изнесуваат 25 милијарди долари, а според проценките на Конгресната буџетска канцеларија, конечната цена може да достигне до 542 милијарди долари.

Во проектот ќе учествуваат големи компании како Палантир, Андурил, Спејс Икс, како и Локид Мартин, RTX и L3Harris Technologies.

Русија и Кина предупредуваат дека поставување оружје во вселената би можело да предизвика нова трка во вооружување.

CATEGORIES
Share This