РЕАЛ ВО СКАНДАЛ ПОРАДИ МБАПЕ Јавно извинување до Кина, последиците се сериозни

Контроверзните зборови на француската ѕвезда предизвикаа бурни реакции, а во прашање се доведени и спонзорските договори и деловните односи на клубот со кинески партнери.

РЕАЛ ВО СКАНДАЛ ПОРАДИ МБАПЕ Јавно извинување до Кина, последиците се сериозни
Фото: Принтскрин

Реал Мадрид објави официјално извинување до кинескиот народ поради контроверзните зборови на својата ѕвезда Килијан Мбапе, кои предизвикаа сериозни реакции во Кина и отворија прашања за деловните последици за францускиот фудбалер и шпанскиот клуб.

Во соопштението, „кралскиот клуб“ изрази почит кон Кина, нејзината историја, култура и граѓаните, како и кон милионите кинески навивачи кои го поддржуваат Реал Мадрид.

„Реал Мадрид сака да му се извини на кинескиот народ за незадоволството што можеби го предизвикаа неодамнешните зборови на нашиот играч Килијан Мбапе“, се наведува во соопштението.

Клубот посочи дека се придружува на извинувањето на Мбапе, кој изразил жалење за своите зборови и ја потврдил почитта кон кинескиот народ. Од Реал Мадрид додаваат дека остануваат посветени на почитта, соживотот и меѓукултурното разбирање.

Според објавените информации, коментарот на Мбапе бил даден во неформална атмосфера, во контекст на интернет-шеги и колажи во кои фудбалерот бил поврзуван со Мао Це Тунг. Наводно, клубот смета дека изјавата немала злонамерна намера.

Сепак, случајот може да има и конкретни деловни последици. Според текстот, во Кина биле суспендирани телевизиските преноси на натпреварите на Реал Мадрид, а Мбапе изгубил дел од спонзорските договори на тој пазар.

Ситуацијата е чувствителна и за самиот клуб, кој има деловни партнерства со три кинески компании. Извинувањето е обид да се намалат тензиите и да се зачуваат односите со кинеските навивачи и деловните партнери.

CATEGORIES
Share This