КРАЈ ЗА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Трамп најавува официјална забрана на името што го користи целиот свет
Доналд Трамп го прогласи терминот „вештачка интелигенција“ за лош и неточен и најави дека наскоро официјално ќе ја забрани неговата употреба.

Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика внимание со необична најава дека сака терминот „вештачка интелигенција“ (ВИ) да замине во историјата и да биде заменет со „суперинтелигенција“ (СИ). Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп остро го критикуваше досегашниот назив, оценувајќи дека е погрешен и не ја отсликува вистинската природа на технологијата.
Американскиот претседател посебно го прозва влијателниот весник „Волстрит џурнал“, барајќи од редакцијата да престане да го користи терминот „вештачка интелигенција“.
„Кога ‘Волстрит џурнал’ ќе престане да го користи терминот ‘вештачка интелигенција’, што е многу лош и неточен термин, и ќе почне да го користи терминот ‘суперинтелигенција’, кој го користат речиси сите други или наскоро ќе почнат да го користат?“, напиша Трамп.
Трамп најави дека наскоро официјално ќе ја забрани употребата на досегашниот назив, но не прецизираше како би се спровела таквата одлука, на кого би се однесувала и дали би имала правно обврзувачки карактер.
Неговата изјава отвора и прашање за разликата меѓу двата поима. Додека вештачката интелигенција е широк термин за компјутерски системи што извршуваат задачи поврзани со човечката интелигенција, суперинтелигенцијата вообичаено означува хипотетичка интелигенција што ги надминува човечките способности во речиси сите области.
Засега станува збор за најава на американскиот претседател, а не за потврдена и спроведена забрана.
ТРАМП САКА ДА ПРЕИМЕНУВА И ОКЕАН Атлантскиот или Тихиот океан да го носат неговото име

