НАТО ЗАДОВОЛЕН ОД ДИЈАЛОГОТ Позитивен сигнал од Вашингтон и Москва
Разговорот меѓу Путин и Трамп се одржа во понеделникот и траел повеќе од два часа. Главна тема на разговорот, како што беше соопштено, била ситуацијата во Украина.

Телефонскиот разговор меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин, и поранешниот американски претседател Доналд Трамп е оценет како позитивен чекор од страна на НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте. Според него, обновувањето на директната комуникација меѓу двете страни е охрабрувачки сигнал во контекст на напорите за решавање на украинската криза.
„Треба да им се заблагодариме на САД за нивната улога во решавањето на овој проблем. Разговорот претставува важен позитивен чекор бидејќи ја врати директната комуникација што подолго време недостасуваше. Дополнително, охрабрувачки е тоа што веднаш по разговорот, Трамп го покани и украинскиот претседател Володимир Зеленски“ – изјави Руте пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ, на кој учествува и НАТО.
Разговорот меѓу Путин и Трамп се одржа во понеделникот и траел повеќе од два часа. Главна тема на разговорот, како што беше соопштено, била ситуацијата во Украина.
Путин го оцени разговорот како „суштински, отворен и исклучително корисен“, посочувајќи дека Русија е подготвена да работи заедно со Украина на изработка на меморандум за идниот мировен договор и воспоставување прекин на огнот.
Од американска страна, Трамп изјави дека нема да воведе нови санкции кон Русија, оценувајќи дека постои реална шанса за решавање на украинската криза.


