ЛАВРОВ ОТКРИВА ДЕТАЛИ ОД РАЗГОВОРОТ ПУТИН И ТРАМП Канонското православие мора да се врати во Украина

Русија и понатаму се претставува како заштитник на православието во регионот, додека обвинувањата за западна вмешаност во украинската криза остануваат клучен дел од руската дипломатска реторика.

ЛАВРОВ ОТКРИВА ДЕТАЛИ ОД РАЗГОВОРОТ ПУТИН И ТРАМП Канонското православие мора да се врати во Украина
Фото: Принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш ја потврди посветеноста на Русија за праведно решавање на конфликтот во Украина, за време на телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, на прием организиран по повод православниот Велигден.

„Русија нема да го остави православниот народ во Украина во неволја и ќе се заложи за почитување на неговите законски права. Канонското православие мора да го поврати своето централно место во духовниот живот на украинскиот народ“, рече Лавров.

Според него, ставот на Руската Федерација за праведно решавање на, како што ја нарече, „кризата создадена од Западот“, останува непроменет и бил повторно потврден од страна на претседателот Путин во разговорот со Трамп.

Лавров, исто така, изрази разочарување што иницијативите за примирје, предложени од Русија по повод Велигден и Денот на победата, биле игнорирани од страна на украинските власти.

„Историјата познава примери каде што непријателски страни се согласувале на привремено примирје за верски празници. Но, прекините на огнот предложени од претседателот Путин беа целосно игнорирани од режимот на Владимир Зеленски“, нагласи Лавров, додавајќи дека тоа не претставува изненадување ниту за Москва, ниту за објективните меѓународни набљудувачи.

Русија и понатаму се претставува како заштитник на православието во регионот, додека обвинувањата за западна вмешаност во украинската криза остануваат клучен дел од руската дипломатска реторика.

CATEGORIES
Share This