УСТАВНИОТ СУД ГИ ЗАШТИТИ НЕЗАВИСНИТЕ КАНДИДАТИ Укинати спорните членови од Изборниот законик

Со оваа одлука се враќаат полесни услови за учество на независните кандидати на изборите, што според иницијаторите е чекор кон заштита на правото на граѓаните да се здружуваат и политички да се активираат надвор од партиските рамки.

УСТАВНИОТ СУД ГИ ЗАШТИТИ НЕЗАВИСНИТЕ КАНДИДАТИ Укинати спорните членови од Изборниот законик

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница ги укина членовите 17 и 18 од измените и дополнувањата на Изборниот законик, со кои значително се зголемуваше бројот на потребни потписи за кандидатура на независни кандидати на локалните избори.

Со ваквата одлука, независните кандидати повеќе нема да мора да собираат и по неколку илјади потписи за да се кандидираат за членови на советите, градоначалници или пратеници. Судот ја донесе оваа одлука по поведена постапка за оценка на уставноста и законитоста на спорните одредби.

„Одредбите што се однесуваа на условите за независните кандидати се укинати“ – соопштија од Уставниот суд.

Овие законски измени, кои сега се поништени, предвидуваа праг од 1% од гласачкото тело како услов за поднесување независни граѓански листи. Тоа значеше, на пример, дека независна листа за советници во Градот Скопје ќе треба да собере над 4.500 потписи, наместо досегашните 1.000. За поднесување независна листа за пратеници во која било од шесте изборни единици, наместо досегашните 1.000, ќе беа потребни од 2.500 до 3.500 потписи, во зависност од големината на изборната единица.

Иницијативата за укинување на овие одредби беше изгласана со тесно мнозинство – пет судии „за“ и четворица „против“. Мнозинството сметаше дека со зголемувањето на бројот на потребни потписи, независните кандидати се ставаат во нееднаква положба и практично се исклучуваат од изборниот процес.

Со оваа одлука се враќаат полесни услови за учество на независните кандидати на изборите, што според иницијаторите е чекор кон заштита на правото на граѓаните да се здружуваат и политички да се активираат надвор од партиските рамки.

CATEGORIES
TAGS
Share This