ФРАНЦИЈА НА НОЗЕ До 500.000 демонстранти, безбедносните служби стравуваат од хаос

Властите предупредуваат на можни напади врз јавни објекти и грабежи во пресрет на масовните протести. Трговците се подготвуваат за инциденти, а во делови од градските центри се воведуваат ограничувања.

ФРАНЦИЈА НА НОЗЕ До 500.000 демонстранти, безбедносните служби стравуваат од хаос
Фото: Принтскрин

Меѓу 400.000 и 500.000 луѓе се очекува да излезат на протести низ Франција во сабота, на 24 октомври, поради што безбедносните служби предупредуваат на можни насилни инциденти, напади врз јавни објекти и државни симболи, како и на таканаречени „опортунистички грабежи“.

Според извештајот на територијалните разузнавачки служби, на кој се повикува францускиот весник „Паризиен“, постои ризик дел од демонстрациите да прераснат во инциденти и оштетување на јавниот имот.

Во пресрет на протестите, трговците се подготвуваат за можни нереди и преземаат мерки за заштита на своите објекти. Во меѓувреме, некои префектури донеле наредби со кои се ограничуваат или забрануваат демонстрациите во одредени делови од градските центри.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска треба да разговара со претставници на средношколските организации, откако учениците побараа конкретни одговори од властите и поголема вклученост во решавањето на проблемите што ги поттикнаа протестите.

Средбата се одржува во услови на зголемени тензии, додека властите се подготвуваат за масовен собир и се обидуваат да спречат евентуална ескалација на протестите во насилство и нарушување на јавниот ред и мир.

СЕ ТРЕСЕ ФРАНЦИЈА Макрон свика итен состанок по масовните протести

CATEGORIES
TAGS
Share This