ВНИМАТЕЛНО НА ПАТИШТАТА Влажни коловози и опасност од одрони – еве каде возачите треба да бидат особено претпазливи

Зголемениот број возила предизвикува подолги задржувања на неколку гранични премини при излез од Македонија. Најголем метеж има на Табановце, додека на останатите патни правци сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози.

ВНИМАТЕЛНО НА ПАТИШТАТА Влажни коловози и опасност од одрони – еве каде возачите треба да бидат особено претпазливи
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива без поголеми пречки, но интензитетот на возила надвор од градските средини е зголемен, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Најголеми задржувања се регистрирани на граничните премини при излез од државата, каде што поради зголемената фреквенција на возила се создаваат колони.

Според информациите на АМСМ, на граничниот премин Табановце се чека повеќе од еден час, додека на Блаце задржувањето изнесува околу 30 минути. На Деве Баир возачите чекаат приближно 20 минути за излез од земјата.

На другите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез ниту за излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината според условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни при возење низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои опасност од одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во однос на сезонскиот режим на сообраќај, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица, кој е отворен од 15 април, е прооден за сите видови возила со тежина до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This