1.200 УАПСЕНИ ВО ФРАНЦИЈА, ВЕНС ПРЕДУПРЕДУВА Ова може да ѝ се случи и на Америка

Американскиот потпретседател ја обвини имиграциската политика за насилството во Франција и предупреди дека слично сценарио може да се случи и во САД. Во немирите биле уапсени 1.200 лица, а повредени се околу 150 полицајци и жандарми.

1.200 УАПСЕНИ ВО ФРАНЦИЈА, ВЕНС ПРЕДУПРЕДУВА Ова може да ѝ се случи и на Америка
Фото: Принтскрин

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс упати остри критики по немирите што избувнаа во Франција во саботата, обвинувајќи ги западните прогресивни политики и имиграцијата за ескалацијата на насилството. Тој предупреди дека слични случувања би можеле да ја погодат и Америка доколку земјата не извлече поуки од француското искуство.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Венс оцени дека политиките што се спроведуваат во име на различноста и сочувството ги занемариле прашањата за интеграцијата на доселениците и усогласеноста со вредностите на општеството.

„Западните прогресивци го увезоа третиот свет во Франција и другите земји во име на различноста и сочувството. Тие ги игнорираа фундаменталните прашања за асимилација и компатибилност“, напиша Венс.

Тој изрази надеж дека Франција ќе преземе мерки за запирање на насилството и заштита на културното наследство.

„Се молам Франција, прекрасна земја со прекрасни луѓе, да го запре ова лудило пред да бидат запалени повеќе споменици“, порача американскиот потпретседател.

Венс, чие име се споменува во политичките анализи како потенцијален кандидат на претседателските избори во 2028 година, ги повика Американците внимателно да ги следат случувањата во Франција. Тој ги поврза немирите со политичките поделби во САД и со изборите за Конгресот, закажани за 3 ноември.

„Се надевам дека американскиот народ обрнува внимание. Ова е иднината што ја сакаат демократските претставници за нашата земја“, напиша Венс, критикувајќи ги политичките противници на Републиканската партија.

Според доставените информации, во немирите во Франција биле уапсени околу 1.200 лица, додека приближно 150 полицајци и жандармериски службеници биле повредени. Во повеќе градови била причинета значителна материјална штета, а инцидентите повторно ја отворија дебатата за безбедноста, имиграцијата и интеграцијата во француското општество.

CATEGORIES
Share This