НАД 85.000 ДЕНАРИ ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ Толку чини минималната кошница со кирија
На едно четиричлено семејство му биле потребни 70.358 денари за основните месечни трошоци во октомври, а со изнајмен стан од 60 квадратни метри сумата достигнува 85.733 денари.

Вредноста на синдикалната минимална кошница за октомври 2026 година изнесува 70.358 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Во споредба со септември, кога кошницата изнесувала 69.432 денари, трошоците за покривање на основните потреби се зголемени за 926 денари за само еден месец.
Дополнително, за семејство што живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вредноста на минималната кошница за октомври достигнува 85.733 денари.
Податоците повторно го отвораат прашањето колку средства му се потребни на едно семејство за да ги покрие основните месечни трошоци, особено кога во пресметката треба да се вклучи и киријата.
CATEGORIES Бизнис

