ЌЕ МОРА ДА ПЛАТАТ Макрон со жестоко предупредување по хаосот на француските улици

Францускиот претседател порача дека уништувањето, грабежите и нападите врз полицијата нема да останат без последици, најавувајќи одговорност за сите што го прекршиле законот.

ЌЕ МОРА ДА ПЛАТАТ Макрон со жестоко предупредување по хаосот на француските улици
Фото: Принтскрин

Францускиот претседател Емануел Макрон упати остро предупредување до учесниците во насилните протести низ Франција, порачувајќи дека сите што предизвикале материјална штета, уништувале јавен и приватен имот или учествувале во грабежи ќе мора да одговараат за своите постапки.

Во телевизиско обраќање до нацијата, по неколкудневните демонстрации проследени со масовни блокади и судири со полицијата, Макрон порача дека правосудните институции ќе постапуваат против сите што го прекршиле законот.

„Нашите судии ја спроведуваат правдата во ваше име и знаат што очекувате. Оние што уништувале мора да платат, оние што ограбиле мора да ја надоместат штетата, а оние што се обиделе да ја соборат Републиката ќе бидат повикани на одговорност“, изјави Макрон, пренесува францускиот весник „Фигаро“.

Францускиот претседател посебно се осврна на нападите врз припадниците на безбедносните сили, оценувајќи дека полицајците, и покрај нивната професионалност, биле изложени на „невидено насилство“.

Неговото обраќање доаѓа во атмосфера на сериозни општествени тензии, додека француските власти се соочуваат со предизвикот да го воспостават јавниот ред и да спречат нови насилни инциденти.

ФРАНЦИЈА ВРИЕ: 480.000 ЛУЃЕ НА УЛИЦИТЕ Макрон попушти, младите и студентите се во право

CATEGORIES
Share This