6 ГОДИНИ ЛАЈКА Не славиме бројка, славиме промена

Преку овие активности сакаме да потсетиме дека проблемот со бездомните кучиња не започнува на улица и не може да се реши единствено во прифатилиште.

6 ГОДИНИ ЛАЈКА Не славиме бројка, славиме промена
Фото: ЈП Лајка

ЈП „Лајка” – Скопје оваа година одбележува шест години од своето постоење, а по тој повод, во сабота, 17 октомври 2026 година, од 12:00 до 15:00 часот, во Мамбо – Авионче, организира роденденски настан под мотото:

„6 години Лајка – Не славиме бројка, славиме промена.”

Настанот има за цел да ги истакне резултатите од шестгодишната работа на претпријатието, но и да ја отвори пошироката тема за одговорноста на поединците и заедницата во справувањето со проблемот со бездомните кучиња.

Во рамки на програмата, која официјално започнува во 12:30 часот, ќе бидат реализирани неколку активности:

  • „Десет кучиња. Десет погрешни човечки одлуки.” – претставување на десет кучиња од прифатилиштето, преку чии индивидуални приказни ќе се укаже на последиците од напуштањето, неодговорното сопствеништво и негрижата за животните.
  • Ревија на вдомени кучиња – настан на кој вдомените миленици ќе бидат претставени преку нивните животни приказни, наместо според изгледот, расата или потеклото. За учесниците се обезбедени признанија и награди со поддршка од нашите спонзори.
  • Креативна работилница со Luna Pet Shop – интерактивни активности во кои децата и нивните миленици ќе имаат можност за заедничко творење и дружење.
  • Изложба на детски цртежи – учениците од ООУ „Блаже Конески” и ООУ „Кузман Јосифовски – Питу” преку своите цртежи ги претставија кучињата од Лајка, испраќајќи порака за одговорно сопствеништво и ветување дека никогаш нема да ги напуштат своите миленици.

Преку овие активности сакаме да потсетиме дека проблемот со бездомните кучиња не започнува на улица и не може да се реши единствено во прифатилиште. Долгорочната промена бара одговорно сопствеништво, стерилизација, едукација, вдомување и заедничко дејствување на институциите и граѓаните.

За време на настанот ќе биде овозможено снимање на програмските активности, како и земање изјави од претставници на ЈП „Лајка”.

Информации за настанот:

Датум: Сабота, 17 октомври 2026 година
Локација: Мамбо Кафе – Авионче, Општина Аеродром
Време: 12:00-15:00 часот
Официјално отворање: 12:30 часот

CATEGORIES
Share This