ФОН ДЕР ЛАЈЕН СО ОСТРА ПОРАКА Црното Море не смее да стане ново жариште на војната во Украина

Претседателката на Европската комисија ги осуди нападите со дронови врз трговски бродови во близина на бугарскиот брег и порача дека одговорните мора да сносат последици.

ФОН ДЕР ЛАЈЕН СО ОСТРА ПОРАКА Црното Море не смее да стане ново жариште на војната во Украина
Фото: Принтскрин

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска остро реагираше на нападите со беспилотни летала врз трговски бродови во близина на брегот на Бугарија, предупредувајќи дека е недозволиво Црното Море да се претвори во уште едно жариште на војната во Украина.

Во објава на социјалната мрежа X, Фон дер Лајен нагласи дека ваквите напади се неприфатливи и дека одговорните за нив мора да се соочат со последиците.

Таа истакна дека Европската Унија цврсто стои зад Бугарија, изразувајќи солидарност со земјата по инцидентите во Црното Море.

Претседателката на ЕК упати и благодарност до спасувачките екипи за нивната брза и навремена реакција.

CATEGORIES
Share This