РЕЧИСИ 1.600 САНКЦИИ ОДЕДНАШ – ЕУ со досега невиден удар врз Русија

Каја Калас соопшти дека ова е најголемото поединечно проширување на санкциската листа од почетокот на војната во Украина, при што повеќе од половина од мерките се насочени кон производството на балистички ракети.

РЕЧИСИ 1.600 САНКЦИИ ОДЕДНАШ – ЕУ со досега невиден удар врз Русија
Фото: Принтскрин

Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска усвоија речиси 1.600 нови санкции насочени против рускиот воено-индустриски комплекс, соопшти високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, по состанокот во Луксембург.

Калас, во објава на платформата X, истакна дека станува збор за најголемото поединечно проширување на санкциската листа на ЕУ против Русија од почетокот на војната во Украина. Повеќе од половина од новите санкции се насочени кон синџирот на производство на балистички ракети.

„Европа повторно покажува единство. Ѝ го отежнуваме работењето на Русија и го забавуваме производството на оружјето што го користи за убивање Украинци, а истовремено го правиме тоа производство поскапо“, изјави Калас.

CATEGORIES
Share This