ЛАВРОВ ЖЕСТОКО ПО ЕВРОПА Вашингтон не издржа под притисокот, тие гордо го закопаа Анкориџ
Москва, според Лавров, ја прифатила идејата за трилатерални разговори со Украина, но бара претходно одржување парламентарни избори

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва прифатила предлогот на САД за одржување трилатерални разговори со Украина, но под услов претходно да се одржат парламентарни избори во Украина.
На прес-конференција по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на Заедницата на независни држави (ЗНД) во Туркменистан, Лавров оцени дека неуспехот на Вашингтон да го одржи предлогот не е резултат на руските постапки, туку на, како што наведе, „невидениот и бескрупулозен притисок“ од Европа.
„Не е виновна Русија што Соединетите Американски Држави не успеаја да го издржат невидениот бескрупулозен притисок на Европа, која потоа гордо објави дека го закопа Анкориџ“, рече Лавров.
Според него, американската страна ги разгледала и ги разбрала руските аргументи во врска со условите за одржување на трилатералната средба.
Лавров посочи дека Москва смета оти е важно да се знае какви предлози украинскиот претседател Володимир Зеленски би им доставил на пратениците во земјата, оценувајќи го тоа како значајно прашање за руската страна.
„Изјавивме дека, под овие околности, сакаме да разбереме какви предлози Володимир Зеленски ќе им испрати на своите пратеници. Ова е многу важно за нас, а американската страна ги забележа и ги разбра нашите аргументи“, изјави рускиот министер.
Во вториот дел од обраќањето, Лавров го обвини Западот и за, како што тврди, попустлив однос кон појавите на неонацизам во Европа.
„Европа во моментов има многу благ став кон оживувањето на нацизмот – феномен што се забележува во голем број земји со премолчено одобрување од владејачките кругови“, рече Лавров.
Тој нагласи дека зачувувањето на историското сеќавање останува приоритет за земјите членки на ЗНД, особено во однос на Втората светска војна и борбата против нацизмот.
Состанокот на Советот на министрите за надворешни работи на ЗНД се одржува во Туркменистан, со учество на претставници на земјите членки.

