ДО 28 СТЕПЕНИ Сончево и топло, но дождот демне во западните планини

Утрото ведро, а преку ден сончево со мала до умерена облачност; јужниот ветер ќе биде поизразен долж Повардарието.

ДО 28 СТЕПЕНИ Сончево и топло, но дождот демне во западните планини
Фото: Принтскрин

Утрото ќе биде ведро, а во текот на денот времето ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се движат од 3 до 28 степени.

Услови за појава на дожд ќе има во западните планински подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој повремено ќе биде поизразен долж Повардарието.

Во Скопје се очекува сончево и релативно топло време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

CATEGORIES
Share This