Местото на балканските земји од резултатите на Писа 2025
МОН и министерката Јаневска, изјави дека резултатите се „многу лоши“, дури 64,3 проценти од македонските ученици не го достигнуваат ниту основното ниво на знаења по природните науки.

Колумна, Национа
Ѓорѓи Илиевски Виш просветен инспектор во пензија
Среда, 7 октомври 2026 година
Со овој мој приказ по објавувањето на резултатите од меѓународното тестирање ПИСА (PISA) 2025 во септември 2026 година, неколку балкански земји јавно ги оценија своите постигнувања како катастрофални, кошмари или национална итност. (Извор ДВ)
Моите согледувања истакнати за македонските медиуми и портали, а во врска со катастрофалните ПИСА 2025 резултати на 15 македонски годишнаци е „Колапс на образованието-колапс на нацијата“, каде што ПИСА 2025 ни дава: читање без разбирање, математиката станува неразбирлива, науката се претвора во механичка меморија, а критичкото мислење, во непотребен луксуз, тогаш не исчезнува само знаењето, исчезнува способноста на генерации во едно општество да ја разбираме сопствената реалност. А нацијата што не ја разбира реалноста лесно станува туѓ објект на управување.
Сакам во овој приказ да укажам до надлежните институции во Република Македонија дека образованието не е само секторски политички, тоа е прашање на НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ, ЕКОНОМСКА КОНКУРЕНТНОСТ, КУЛТУРЕН ИДЕНТИТЕТ, ДЕМОКРАТСКА ЗРЕЛОСТ…
Нелсон Мандела ќе рече: „ ЗА ДА СЕ УНИШТИ ЕДНА НАЦИЈА, НЕ СЕ ПОТРЕБНИ АТОМСКИ БОМБИ ИЛИ РАКЕТИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ“. Доволно е да се намали квалитетното образование и да им се дозволи на учениците да мамат на испитите. Тогаш пациентите ќе умираат во рацете на таквите лекари, зградите ќе се рушат поради таквите инжинери, парите ќе се губат во рацете на економисти и сметководители, човечноста ќе умира, а правдата ќе исчезнува во рацете на таквите судии. Најважната поента на ова е:„КОЛАПСОТ НА ОБРАЗОВАНИЕТО-КОЛАПС НА НАЦИЈАТА“
Пораката на ПИСА 2025
Според најновото истражување на ОЕЦД ( Организација за економска соработка и развој), меѓу 2015 и 2025 година просечниот резултат по читање во земјите на ОЕЦД која моментално има 38 членки, а Македонија не е членка на организацијата паднал за 28 поени, што одговара приближно на една и пол година учење. Математиката паднала за 22 поени, односно за нешто повеќе од една година учење. Особено е впечатлив фактот што читањето во голем број системи оди заедно со слабости на Математиката и Природните науки.
Македонското огледало: ПИСА реформи и борба на знаење
Во ПИСА 2025 учениците од Македонија освоиле просечно 378 поени по Природни науки, 357 по Читање со разбирање и 380 поени по Математика. Во сите три области резултатите се под просекот на ОЕЦД: Читање со разбирање (читајте неразбирање) само 26 проценти од учениците достигнуваат барем основно ниво на компетентност. Наспроти 69 проценти во ОЕЦД. По Математика тој удел е 32 проценти, наспроти 65 проценти во ОЕЦД. Особено е значајно што Математичкиот резултат е понизок од оној во 2022 година.
Што треба да знаат нашите надлежни македонски институции
Треба да знаат дека: Образованието е всушност најважната долгорочна развојна политика на државата. Тоа го забележува во извештајот и ОЕЦД.
Која треба да биде реформската ориентација на МОН
- Треба да се промени системот, а не според дневнополитички препукувања.
- Особено е значајна определбата: „ Наставникот постепено да се поместува од улога на предавач на факти кон ментор, водич и партнер во процесот на учење“. Со поголем акцент врз читањето со разбирање.
- Паралелно се подготвува нова стратегија за образованието 2026 – 2032, а реформите се прошируваат и кон високото образование и науката, со нова законска рамка за квалитетот, евалуација и научноистражувачка дејност.
Која е најголемата заслуга на една образовна реформа
- Не е во тоа што ќе прогласи реформа, туку во тоа да биде подржана, да истрае доволно долго реформата да стане „МЕРЛИВО ЗНАЕЊЕ КАЈ ДЕЦАТА/МЛАДИТЕ“.
- Ученикот што разбира што чита, знае да реши проблем, умее да постави прашања, може да провери информација и има храброст да мисли. Само таков ученик утре може да стане лекар што ќе лекува, инжинер што ќе гради и научник што ќе открива.
Каков човек сакаме да воспитуваме и образуваме
- Цивилизациско прашање, вистински предизвик е тоа: „Каков човек сакаме да произведува современото општество? Секако,НЕ, човек како аморфна маса! Туку- човек што мисли или човек што само реагира? Граѓанин или потрошувач? Слободна личност или корисник на однапред подготвени содржини?
Кои балкански земји најоштро реагираа на ПИСА 2025 и што превземаат
- Бугарија- реакции од страна на медиумите и аналитичарите ги опишаа резултатите како „комарни“ и „ полна катастрофа“. Бугарските 15 -годишни ученици се најдоа на последното место во Европската Унија по функционална писменост:
- Над 58 проценти од 15-годишниците се под основното базично ниво за ЧИТАЊЕ.
- 57 проценти се под критички минимум за знаењето и умеењето по Математика.
- 47 проценти има огромни дефицити по природни науки
- Министерството за образование јавно призна: „Имаме сериозен проблем“. Извор MON
- Што превземаат конкретно: Бугарија најавува итни промени во образовниот модел насочени кон реална примена на знаењата (функционална писменост) наместо механичко памтење на факти, зајакнување на дијагностичките проверки и ревидирање на наставните програми со цел да се намали огромниот јазол помеѓу најслабите и најсилните ученици кој дополнително се продлабочени. Извор MON
- Косово – Со оглед на тоа што Косово се најде на самото дно на глобалната табела, медиумите и опозицијата реагираа со наслови за „Катастрофални резултати“ и целосен колапс на реформите. Локалните граѓански организации од образовниот сектор побараа прогласување на „ национална вонредна итност“ за образованието🙁Извор КОССЕВ)
Што се презема конкретно: Под силен притисок за оставки, се бара итна промена на наставните стратегии и префрлање на фокусот врз раното учење. Дополнително, бидејќи извештајот нотираше масовна употреба на телефони и вештачка интелегенција, се засилуваат контролите и рестрикциите за употреба на мобилни телефони во училишните средини ( каде веќе 73 проценти од училиштата имаат некаква забрана) за да се подобри концентрацијата кај учениците (OECD)
Словенија – Иако Словенија традиционално има подобри резултати од остатокот на Балканот, овој циклус забележа остар и загрижувачки пад на поените под просек на ОЕЦД во сите три клучни области (читање, математика и наука).
Што презема конкретно: Словенија веднаш почна со радикални системски промени. Најконкретна мерка која одекна во регионот е најавата за укинување на деветолетката (деветгодишното основно образование) и реформирање основната училишна структура како директен одговор на лошите ПИСА резултати.
- Македонија – Резултатите беа оценети како „ црвен аларм“ за државата. МОН и министерката Јаневска, изјави дека резултатите се „многу лоши“, дури 64,3 проценти од македонските ученици не го достигнуваат ниту основното ниво на знаења по природните науки.
Што преземаат конкретно – МОН вината ја насочува кон лошо имплементираните реформи од предходните влади. Како конкретни чекори се најавуваат ревидирање на концепциите во основното образование, фокус на наставните содржини кои развиваат критичко размислувања како и регулација и ограничување на неконтролирана употреба на мобилни телефони, таблети и социјални мрежи во училиштата, што се смета за една од главните причини за падот на концентрацијата на глобално и локално ниво
Директна споредба на состојбите
Земја Оцена на ПИСА2025 Главни конкретни мерки/насоки
Бугарија – „ Полна катастрофа“ Промена на функционално учење
(последна во ЕУ) намалување на дефицитите во науките
Косово – „Катастрофален резултат“ Строги контроли на технологијата во
Училиштата, реформи на раното образ
вание.
Словенија – „ Остар и неочекуван Укинување на деветолетката и ретруктуирање
системски пад “
Македонија- „Црвен аларм“,над 60% ревизија на претходните реформи, ограничу
функционална неписменост вање на телефони, таблети…..
Според официјалните податоци објавени од ОЕЦД на меѓународнто тестирање ПИСА 2025, учениците од Македонија постигнале резултат кои се значително под меѓународниот просек во сите тестирани области. Во овој циклус, во кој фокус беа природните науки, учествуваа вкупно 6.977 ученици од 124 училишта во државата (ИзворDM)
ПОЕНИ ПО ОБЛАСТИ И СПОРЕДБА СО ОЕЦД
Област Освоени поени Просек на ОЕЦД Тренд во споредба со
(Македонија) 2022
————————————————————————————————————
Компјутерско
решавање про
блеми – 389 поени Нема глобален прсек Нова дигитална област
Математика – 380 поени 463 поени Пад на резултатите
Природни науки – 378 поени 482 поени Стабилно исто ниво
Читање со разб.- 357 поени 476 поени Стабилно исто ниво
*Над 760 000 ученици на 15 годишна возраст од целиот свет од 91 држава на ПИСА тестирањата, од кои 40 земји членки на ОЕЦД, 51 партнерски земји, Македонија на ПИСА тестирањето го завзеде 73 место.
Дистрибуција на знаењето (ниво на функционална писменост)
Загрижувачи е извештајот за Македонија од ОЕЦД во процентот на ученици кои не ги достигнуваат ниту базичнити(основно) ниво на знаење неопходно за функционално снаоѓање во животот. (Извор Demokrati.mk)
- Природни науки – Дури 64,3 посто, од македонските ученици се наоѓаат под основното ниво (наспроти само 25,7 посто во земјите на ОЕЦД.Само 0,2 посто се квалификувани како врв на ученици(ниво 5 или 6) (ИзворOECD)
- Математика – Само 32 посто од учениците во земјава достигнале барем основно ниво на писменост(просек на ОЕЦД е 65 посто). Околу 1 посто се во групата на најдобри.(Извор ДВ)
- Читање со разбирање – Ова е критичната точка каде само 26 посто од 15-годишните ученици поседуваат функционална писменост, што значи дека 74 посто од учениците не го разбираат текстот што го читале.
Фактори на деконцентрација
Извештајот за Македонија нотира и специфични социјални аномалии во училниците: 35 посто од учениците признале дека се деконцентрирани од сопствените дигитални уреди(телефони) за време на часовите, а 33 посто се попречени од однесувањето на своите соученици. ОЕЦД пресметува дека оваа дистракција ги чини македонските ученици во просек минус 22 поени во тестовите по природни науки. (Извор ДВ)
Балканските земји на ранг листа од ПИСА 2025
Ранг Земја Просек
- Турција 494
- Унгарија 480
- Словенија 484
- Хрватска 476
- Црна Гора 435
- Албанија* 435
- Грција 434
- Србија 429
- Романија 425
- Бугарија 421
- Кипар 411
- Македонија 378
- Косово 357 Ивор: ДВ
(*Босна и Херцеговина, нема свои резултати во најново ПИСА 2025 циклус, бидејќи земјата не учествуваше во ова меѓународно тестирање.)
(*За Албанија промената е пресметана резултати 2025 и 2022.ОЕЦД предупредува на ограничувачката споредба на резултатите поради методологијата ограничување примерокот во ПИСА2025)
Балканските земји на светските ранг листи се рангирани врз основа на просек на резултатите од математика, читање и наука. Турција е на 21 место, Унгарија 31место, Словенија 32, Хрватска 34, Грција 46 место,Албанија 47, Црна Гора 50, Србија 51 место, Романија 52, Бугарија на 60 место, а Македонија на 73 место. Од државите каде е извршено ПИСА тестирање.
Кој е општиот заклучок на ОЕЦД за балканските земји на ПИСА 2025?
Општиот заклучок на ОЕЦД за земјите од Западен Балкан по објавувањето на ПИСА 2025 е дека регионот се соочува со системски и долготрајна криза во квалитетот на образованието, каде структурните проблеми, а не моменталните шокови, го кочат напредокот.
Иако повеќето балкански земји во изминативе години постигнаа напредок во однос на пристапот до образование и социјалната инклузија, базичното (фундаменталното) учење останува најслабата точка во регионот, оставајќи го Балканот значително под просек на ОЕЦД.(impaktadvisory.mk)
ОЕЦД нотира дека проблемите не се нови или ненадејни, туку се резултат на подлабоки аномалии во наставните системи. (impaktadvisory.mk)
Клучни заклучоци на ОЕЦД за Западниот Балкан од ПИСА Резултатите
- Масовна функционална неписменост(ниво под базичното):
Најголемиот дел од 15-годишници во регионот(во некои земји како Македонија и Косово дури меѓу 60 проценти и 74 проценти се наоѓаат под „ Ниво 2“ на писменост. Ова значи дека тие не поседуваат основни вештини за критичко размислување и не можат да го применат наученото за решавање реални проблеми во секојдневниот живот.
- Дигитална деконцентрација и злоупотреба на технологијата:
За разлика од успешните земји каде дигиталните алатки се интегрирани за паметно учење на Балканот учениците се соочуваат со огромна дистракција од мобилните телефони и социјалните мрежи за време на часовите. ОЕЦД пресметува дека оваа деконцентрација директно ги урива нивните поени на тестовите.
- Пад на семејната подршка:
Извештајот на ОЕЦД нотира сериозен регионален и глобален пад во комуникација меѓу родителите и децата. Се’ помал процент од родителите на Балканот редовно прашуваат „што се случувало на училиште“, што дополнително ја намалува мотивацијата кај учениците
- Неефикасни реформи:
ОЕЦД укажува дека наставните програми се’ уште се преоптоварени со сувопарни факти и традиционални методи ( Наставникот предава, ученикот памети), наместо да потикнуваат независно истражување и дигитално решавање на проблеми.
- Што треба да се преземе конкретно препораки од ОЕЦД
ОЕЦД нагласува дека креаторите на политиките на Балканот имаат јасни лостови за да го променат овој правец:
- Поставување високи конзистентни очекувања: Клучни појдовни точки мора да биде јасен фокус на наставните планови. Наместо експериментирање со премногу предмети, фокусот мора строго да се врати на јазичноста, математиката и научната писменост со воведување јасни стандарди за тоа секој ученик мора да знае.
- Паметно менаџирање со технологијата: ОЕЦД не препорачува само слепо забранување, туку строго регулирање на уредите во училниците.употреба Употребата на телефони, таблети и вештачка интелигенција(AI) мора да бидат умерени и исклучиво во функција на наставниот процес, бидејќи прекумерната и неконтролирана употреба докажано ги деградира резултатите.
- Инвестирање во квалитетот на наставниот кадар: Наместо капитални инвестиции само во згради, потребна е тие да се оспособат да предаваат функционално ( како науката се применува во реалноста), со силна менторска подршка и подобри услови за работа за да се привлечат поквалитетни кадри.
- Зајакнување на врската училиште – семејство: Училиштата мора да најдат начини поактивно да ги вклучат родителите во образовниот процес на децата, бидејќи подршката од дома е клучен двигател за емоционална стабилност и успехот на учениците во текот на школувањето. ИЗВОР ОЕЦД – ОБРАЗОВАНИЕТО ВО ЗАПАДЕН БАЛКАНА ЗАКЛУЧОЦИТЕ ОД ПИСА

