ТРАМП: НЕ Е ХОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ Откри кој ја турка цената на бензинот во САД

Американскиот претседател тврди дека уништувањето на руските рафинерии во Украина влијае врз цените на горивото, додека Ормутскиот теснец, според него, веќе не е фактор.

ТРАМП: НЕ Е ХОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ Откри кој ја турка цената на бензинот во САД
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека растот на цените на бензинот во САД е поврзан со нападите врз руските рафинерии за нафта, а не со ситуацијата во Ормутскиот теснец.

„Она што ја зголемува цената на бензинот повеќе не е Ормутскиот теснец“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Тој додава дека таму, според него, се испорачуваат рекордни количини нафта.

Трамп оцени дека влијание имаат уништувањето на руските рафинерии од страна на Украина, како и затворањето на рафинерии во одделни американски сојузни држави.

Изјавата на Трамп доаѓа откако иранскиот бригаден генерал Али Фадави изјави дека Ормутскиот теснец бил под иранска контрола во текот на повеќемесечниот конфликт.

CATEGORIES
TAGS
Share This